6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОткажан Женевскиот саем за автомобили за 2021 година

Откажан Женевскиот саем за автомобили за 2021 година

Фондацијата која стои зад Женевскиот саем за автомобили ја откажа организацијата на овој настан за следната година, откако голем број потенцијални излагачи изјавија дека најверојатно нема да учествуваат на саемот.

Одлуката стави крај на контроверзиите околу државната помош понудена на организаторите. Имено, државата и понудила на фондацијата 11 милиони швајцарски франци. Фондацијата која го организира саемот ќе ги продаде правата за организација на компанијата Palexpo, која управува со просторот кој е сцена на овој настан.

Фондацијата е една од десетината организации во Женева и околу нејзе – помеѓу другото и дом на Светската здравствена организација – која ги откажа или суспендираше големите јавни настани на почетокот од оваа година, бидејќи коронавирусот рапидно се шири низ цела Европа, чинејќи ги спонзорите и учесниците стотици милиони долари.

Фондацијата сега бара финансирање од банки и инвеститори за да преживеат, изјави директорот Сандро Месчита за швајцарскиот весник L’Agefi на почетокот од овој месец. Ако не го сторат тоа, може да се случи целата компанија да биде ставена на продажба, изјави тој.

Водачите на најголемите светски производители на автомобили, вклучувајќи ги и Volkswagen AG и Toyota Motor Corp., обично присуствуваат на изложбата во Женева, која прв пат е поставена во 1905 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП