19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСупер трик: Ослабете на наједноставен начин…

Супер трик: Ослабете на наједноставен начин…

Можеби конечно оваа метода ќе ви помогне да се ослободите од килограмите. Прочитајте за што станува збор…

Најновото истражување покажува дека колку храната е подалеку од нас, толку помалку ја посакуваме. За да се потврди ова, научниците спроведоа еден експеримент.

Тие собраа 56 учесници во една просторија и ги поделија во две групи.

На едната група храната и била на дофат на рака, односно едно јаболко било поставено пред нив, а за другата група биле наменети пуканките кои биле одалечени седум метри од учесниците.

Добиениот резултат покажал дека иако пуканките за многумина се повкусни, учесниците ја избрале храната која се наоѓа пред нив, или пак некои од нив останале гладни бидејќи храната која ја посакале била далеку од нив.

Ова истражување воедно покажува дека луѓето генерално се мрзеливи. Сигурно ви се случило да ви се јаде нешто, но да не сакате да станете од удобната фотења.

Научниците велат дека токму тоа е трикот кој треба да го искористите во борбата против намалување на килограмите. Околу вас наредете само неколку парчиња овошје, а брзата храна, масната или онаа која е премногу вкусна и калорична одалечете ја од вашата близина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП