Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,902.73 -0.05%    BESK 5,700.00 -8.06%    FERS 59,500.00 0%    GRNT 957.00 2.9%    KJUBI 1,261.00 -9.93%    KMB 5,991.11 0.74%    KPSS 321.00 -62.24%    OHB 4,501.00 0%    OKTA 3,153.00 0%    PKB 14,399.00 0%    POPK 16.00 -23.81%    RZLE 12.00 -7.69%    SBT 2,401.00 -7.3%    STB 1,055.00 -1.93%    

Топ 10 деловни книги кои треба да ги прочитате во 2020 година

Време: 14:28

Датум: јуни 25, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Сакате да започнете свој блог, да покренете бизнис, да ги подобрите постојните аспекти на вашата деловна активност, да научите нови вештини, да стекнете попродуктивни навики? Деловните книги на оваа листа се одличен водич за напредок во кариерата, особено за претприемачи, креативци, фриленсери или професионалци, и претставуваат најевтините образовни курсеви што можете да ги добиете денес.

Еве ги првите 10 деловни книги за почетници, креативци и професионалци кои треба да ги прочитате во 2020 година:

1.Company of One: Why Staying Small is the Next Big Thing for Business, Pol Džarvis

-Што ако вистинскиот клуч за побогата и поуспешна кариера не е да создадете и развивате нов стартап, туку да работите само за себе, да ги организирате вашите часови и да станете (високо профитабилна) и одржлива компанија со еден човек? Да претпоставиме дека подобро и попаметно решение е едноставно да останете мали? Оваа книга објаснува како тоа да го направите.

2.Lean In: Women, Work, and the Will to Lead, Šeril Sandberg

-Триесет години откако учеството на жените меѓу дипломираните студенти во САД достигна 50%, мажите сè уште ги држат поголемиот дел на лидерски позиции во државните власти и индустријата. Ова значи дека гласот на жените сè уште не се слуша подеднакво во одлуките што најмногу влијаат на нашите животи. Во книгата, Шерил Сандберг истражува зошто напредокот на жената во лидерските позиции е бавен, ги објаснува основните причини и нуди привлечни, разумни кадровски решенија за да им овозможи на жените да постигнат целосен потенцијал.

3. Tools of Titans: The Tactics, Routines, and Habits of Billionaires, Icons, and World-Class Performers, Timoti Feris

-Во оваа книга, авторот Тимоти Ферис, така природно ги опфаќа најдобрите деловни совети, совети за продуктивност, лекции за животот и многу повеќе.

4. Good to Great: Why Some Companies Make the Leap…And Others Don’t, Džim Kolins

-Користејќи одредени индикатори, Колинс и неговиот истражувачки тим идентификувале збир на елитни компании кои оствариле одлични резултати и ги одржувале тие резултати најмалку петнаесет години. Истражувачкиот тим споредил успешни компании со внимателно избрани компаративни компании кои не успеале да постигнат голем успех. Оваа книга открива како тие се разликуваат.

5. Outliers: The Story of Success, Malkolm Gladvel

-Авторот тврди дека успехот е тесно поврзан со приликите и со времето што луѓето го поминуваат усовршувајки се. Гладвел, исто така наведува дека причината зошто сè повеќе луѓе се откажуваат од надградување на своите вештини е затоа што е потребно толку долго време за да се усоврши нешто, што повеќето луѓе едноставно немаат трпение да се посветат на тоа.

6.Deep Work: Rules for Focused Success in a Distracted World , Kol Njuport

-Профитабилната работа е способност да се фокусирате без да се мешате во когнитивно потребната задача. Тоа е вештина која ви овозможува брзо да совладате сложени информации и да постигнете подобри резултати за помалку време. Тоа ќе ве направи подобри во она што го правите. Накратко, профитабилната работа е како суперсила во нашата сè поконкурентна економија во дваесет и првиот век. Сепак, повеќето луѓе ја изгубиле можноста да се внесат во својата работа, поминувајќи време во читање меилови и на социјалните мрежи, не сфаќајќи дека можат да го искористат тоа време на попаметен начин.

7. Crushing It!: How Great Entrepreneurs Build Their Business and Influence-and How You Can Too, Geri Vajnerčuk

-Во оваа жива, практична и инспиративна книга, Гери детално објаснува како да ги искористите социјалните мрежи, така што сите, од водоводџии до производители на храна, точно ќе знаат како да го зајачаат својот личен бренд на секоја платформа. Тој нуди и теоретски и практични совети за тоа како да се издвоите на Твитер, Фејсбук, ЈуТјуб, Инстаграм, Пинтерест и „Снепчат“… За оние со поголемо искуство, книгата фрла светло врз некои малку познати нијанси и дава иновативни совети и паметни промени.

8. The Power of Broke: How Empty Pockets, a Tight Budget and a Hunger for Success Can Become Your Greatest Competitive Advantage , Dejmond Džon

-Претставувајќи ги своите искуства како претприемач и консултант, но исто така зборувајќи за десетици други претприемачи кои го поминале патот кон богатството, Џон покажувува на фактот дека ако сте сиромашни може на многу начини да биде пропелер и мотив што ќе ве доведе до успех. Зошто? ? Бидејќи започнувањето бизнис од нула, ве тера да размислувате покреативно. Ве принудува да ги користите вашите ресурси поефикасно. Ве принудува да се поврзете поавтентично со вашите клиенти. Ве принудува да бидете верни на себе и да останете фокусирани на своите цели.

9. Smarter Faster Better: The Transformative Power of Real Productivity , Čarls Djuhig

-Книгата е заснована на осум клучни концепти на продуктивност – од мотивација и поставување на цели до фокусирање и донесување одлуки – што објаснува зошто некои луѓе и компании работат толку напорно. Осврнувајки се на најновите откритија во невронауката, психологијата и економијата – како и искуствата на извршните директори, реформаторите во образованието, генералите со четири везди, агентите на ФБИ, пилотите на авионите – оваа книга објаснува како дејствуваат најпродуктивните луѓе, компании и организации.

10. Start with Why: How Great Leaders Inspire Everyone to Take Action, Sajmon Sinek

-Во книгата, Синек одговара на некои основни прашања: Зошто некои луѓе и организации се поиновативни, повлијателни и попрофитабилни од другите? Зошто некои добиваат поголема лојалност од клиентите и вработените? Дури и меѓу успешните, зошто има толку малку луѓе кои можат одново и одново да го повторат успехот?

 

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Партиите ветуваат дека ќе тече „мед  и млеко“ – но може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

    Партиите ветуваат дека ќе тече „мед и млеко“ – но може ли економијата да ги издржи економските изборни ветувања?

    Пораст на минималната и просечната плата, раст на пензиите, намалување на даноци, инфраструктура тешка милијарди евра… Политичките партии во предизвборните програми веетуваат дека и покрај…

  • Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија во подножјето на Алпите прави нов трезор за чување богатство

    Швајцарија, надалеку позната како бастион на дискретното, сигурно банкарство, наскоро ќе им понуди на богатите во светот уште еден избор за чувување на вреден имот:…

  • Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица

    Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и…

  • Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Сончево и топло со мала до умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со…

  • Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Регистрирани 357 прекршоци за неносење маска

    Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до…

  • Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Европа и САД ја осудија одлуката на Турција за пренамена на Света Софија во џамија

    Високи претставници од ЕУ и САД ја осудија одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија. „Одлуката на турскиот Државен совет да поништи…

  • Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Илон Маск го престигна Ворен Бафет на листата на најбогати луѓе

    Вредноста на имотот на Илон Маск во петокот го надмина имотот на Ворен Бафет, со што извршниот директор на Tesla стана седми најбогат човек во…

  • Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

    Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на…

  • Скратени работни часови, повеќе месеци породилно отсуство – синдикалците со низа барања до идната влада!

    Скратени работни часови, повеќе месеци породилно отсуство – синдикалците со низа барања до идната влада!

    Пред одржувањето на парламентарните избори и формирањето на новата влада, синдикалците подготвија барања и укажувања до новите власти. Од Сојузот на синдикати на Македонија тврдат…

  • EBRD сака да стане мнозински зелена банка

    EBRD сака да стане мнозински зелена банка

    Европската банка за обнова и развој (EBRD) планира во следните пет години да насочи повеќе од половина од инвестициите во зелена економија за поддршка на…