Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,902.73 -0.05%    BESK 5,700.00 -8.06%    FERS 59,500.00 0%    GRNT 957.00 2.9%    KJUBI 1,261.00 -9.93%    KMB 5,991.11 0.74%    KPSS 321.00 -62.24%    OHB 4,501.00 0%    OKTA 3,153.00 0%    PKB 14,399.00 0%    POPK 16.00 -23.81%    RZLE 12.00 -7.69%    SBT 2,401.00 -7.3%    STB 1,055.00 -1.93%    

Новата генерација на најпосакуваниот семеен автомобил е тука: Добредојдовте во новата ŠKODA Octavia

Време: 14:10

Датум: јуни 24, 2020

Категорија: АВТОБИЗ

Бидејќи со сè што правиме, главниот фокус е секогаш на клиентот. Секој производ или услуга што ги нудиме целат кон тоа да предизвикаат пеперутки во нашиот стомак, да го инспирираат умот и да го убедат срцето. Во склоп на целиот наш опсег на модели, еден исклучително ја постигнува оваа цел веќе цели 60 години. ŠKODA Octavia е столб на портфолиото на возила од чешкиот бренд . Големиот број на клиенти го ценат неговиот просторен ентериер, безвременски дизајн и одличната вредност за вложените пари.

Добредојдовте во комплетно новата генерација на ŠKODA Octavia. Надворешниот дел е комплетно нов, со многу детали кои непогрешливо говорат – Škoda. Со должина од 4,689 мм и ширина од 1,829мм, новата генерација е подолга за 19мм и поширока за 15мм, додека сега, меѓуоскиното растојание изнесува 2,686мм. Оваа разлика во димензии е евидентна во внатрешниот дел, каде просторот е максимално искористен за врвен комфор на патниците.

Надворешност

Дизајнот на надворешноста пресликува типична, но сепак многу елегантна ŠKODA. Кристален дизајн, прецизен и безвременски. На предниот дел се наоѓа новата, дистинктивно решетка со хромиран финиш во форма на шестоаголник.

Покрај неа се наоѓаат комплетно новите full LED Matrix светла со остар, кристален дизајн и функција за индивидуално гаснење на лед диодите и пренасочување на светлината од сообраќајот што доаѓа од спротивниот правец, со што се избегнува заслепување на возачите. Трепкачите се интегрирани во самите LED светла.

Дизајнот на предницата се пренесува по должината на целото возило преку препознатливата т.н. Торнадо линија и завршува на задниот дел, на кој јасно се забележува линијата која го нагласува класичниот и елегантен изглед на Octavia.

На задниот дел, се истакнуваат гордо испишаните букви ŠKODA на средина на задната врата од багажниот простор, која е електронски прилагодлива, а просторот за багаж сега изнесува огромни 600 литри.

Задните светла се составени од бројни индивидуални LED диоди, додека трепкачите се интегрирани со ефект на анимација.

Внатрешност

Дизајнот на внатрешноста е целосно променета. Пред вас е воланот со два краци и дигиталниот кокпит со избор помеѓу четири прикази на информации. Basic, кој ги покажува најважните информации, Classic – кој ги враќа традиционалните текометар и брзинометар, Navigation – со кој на целиот 10 инчен екран го гледате патот до вашата дестинација и Driver Assistance – кој нуди детални информации за сите системи. Во погледот на возачот е и head-up дисплејот кој ги прикажува моменталната брзина, навигација како и сообраќајните знаци директно на ветробранското стакло.

На централната конзола се наоѓа 10 инчен инфозабавен систем, со големи и јасни икони и одлични shortcut копчиња за едноставно ракување. Функциите на системот можат да бидат контролирани со гестикулации или во комуникација со Лаура, вашиот личен, ŠKODA виртуелен асистент.

Комфорот на седиштата е бескомпромисен во сите нивоа на опрема, како лумбарната поддршка и функцијата за масажа.

Сите материјали во внатрешноста се меки на допир, обложени со кожа или квалитетна ткаенина кои даваат севкупно премиум чувство.

Оставите во вратите се големи, просторот во наслонот за рака е одличен, а во оставата за телефон е интегриран безжичен полнач. Дополнително, за патниците се достапни 5 USB приклучоци.

Во задниот дел, веднаш се забележуваат зголемените пропорции во однос на претходната генерација. Сега, патниците имаат уште поголем простор за максимален комфор при долги патувања.

Кога станува збор за практичноста, Octavia од секогаш е лидер во класата. Низ целата внатрешност интегрирани се многу детали кои секако ќе ви бидат од корист, како џебовите за телефон на страничните делови од предните седишта.

Веќе познатите Simply Clever решенија продолжуваат и во новата генерација на Octavia. Како што се гребалката за мраз која се наоѓа под капакот за полнење гориво, со која исто така можете да ја измерите длабочината на шарите на вашите пневматици. Држачи за таблет на задните страни од седиштата, чадор во предните врати, како и штипка за паркинг тикет на ветробранското стакло.

Големината на багажниот простор изнесува 600 литри, што е речиси двојно повеќе од некои возила во класата. Со спуштени седишта, просторот се зголемува на неверојатни 1740 литри.

Во багажниот простор паметно интегрирани се повеќе закачалки, дополнителни прегради за организирање на багажот, двоен под со гумена и страна од ткаенина, додека багажната врата се отвора електронски.

Безбедност

Новата Octavia стандардно доаѓа со системот за итно сопирање, систем за одржување на коловозна лента, како и функцијата за итен повик во случај на незгода. Дополнително достапни се системите за набљудување на слепа точка, систем за спречување на незгода, предупредување при напуштање на возилото и системот за сообраќаен метеж.

Интелигентниот адаптивен темпомат врвно го олеснува патувањето, додека сензорите и задната камера се секогаш корисни при паркирање.

Мотори

Понудата за Octavia започнува со 1.0 и 1.5 литарски турбо бензински мотори со мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка и моќност од 115 и 150 коњски сили.

Дизел верзиите, сега емитуваат 80% помалку NOx гасови од порано, благодарение на двата секвенцијални катализатори. Моќноста на 2 литарскиот дизел мотор изнесува 150 коњски сили.

Новата генерација на ŠKODA Octavia најголемата, најудобна и најбезбедна досега, а со тоа сигурно ги надминува сите очекувања. Според многумина идеалното семејно возило со кое ќе поминувате безброј авантури.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Легендарно лого: Новата Opel Mokka прва со новата молња

    Легендарно лого: Новата Opel Mokka прва со новата молња

    Чиста прецизност: сите следни нови модели на Opel ќе го носат ново дизајнирано лого на брендот Риселсхајм. Opel Мokka е првиот модел со Opel Vizor,…

  • Вработените во Ford бараат компанијата да престане да прави полициски возила

    Вработените во Ford бараат компанијата да престане да прави полициски возила

    Вработените во Ford побарале од раководството на компанијата да престане со производство и продажба на полициски возила, пренесува The Verge. Националните протести ги принудија некои вработени…

  • Европскиот суд им овозможи на купувачите на „Фолксваген“ полесно да тужат

    Европскиот суд им овозможи на купувачите на „Фолксваген“ полесно да тужат

    Највисокиот суд на Европската Унија донесе пресуда дека купувачите на автомобили „Фолксваген“ опремени со софтвер инсталиран за да ги измами тестовите за емисија на гасови,…

  • Германска автомобилска индустрија: Добија помош од буџетот, а исплаќаат дивиденди

    Германска автомобилска индустрија: Добија помош од буџетот, а исплаќаат дивиденди

    Иако голем број германски производители на автомобили добија државна помош за време на епидемијата од коронавирус, нивните акционери сепак очекуваат да добијат милијарди евра преку…

  • Toyota и понатаму највредниот автомобилски бренд во светот

    Toyota и понатаму највредниот автомобилски бренд во светот

    Компанијата Kantar, која се занимава со истражување на пазарот, објави листа на 100 највредни брендови во светот, а на кој се нашле само три автомобилски…

  • Volkswagen се откажа од изградба на фабрика во Турција

    Volkswagen се откажа од изградба на фабрика во Турција

    Германскиот производител на автомобили Volkswagen се откажа од планот за изградба на нова фабрика во Турција. Одлуката е донесена како одговор на намалената побарувачка за нови…

  • Откажан Женевскиот саем за автомобили за 2021 година

    Откажан Женевскиот саем за автомобили за 2021 година

    Фондацијата која стои зад Женевскиот саем за автомобили ја откажа организацијата на овој настан за следната година, откако голем број потенцијални излагачи изјавија дека најверојатно нема…

  • Tesla е највредниот производител на автомобили во светот

    Tesla е највредниот производител на автомобили во светот

    Дури и среде пандемија, Tesla продолжува да расте. Компанијата, која започна пред нешто повеќе од 15 години, сега стана најпочитуваниот светски производител на автомобили – надминувајки…

  • Полни со возбуда: Нова Opel Mokka Electric и Energetic

    Полни со возбуда: Нова Opel Mokka Electric и Energetic

    Чиста енергија: смел изглед, висока положба на седење, електричен погон без емисија на гасови Воодушевувачка е-моќност: 100 kW / 136 КС и 260 Nm вртежен…

  • Продажбата на автомобили во ЕУ оваа година ќе биде помала за 25 проценти

    Продажбата на автомобили во ЕУ оваа година ќе биде помала за 25 проценти

    Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) предвидува дека продажбата на пазарот на автомобили во Европската унија (ЕУ) оваа година ќе се намали за 25…