19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИНЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел...

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен рок да ги ажурираат своите податоци преку веб страницата на Банката на линкот: https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx

„Поради актуелната кризна ситуација, а со цел избегнување на гужвите во експозитурите, НЛБ Банка се погрижи клиентите своите картички да ги добијат директно до своите домови. Со цел да излеземе во пресрет на клиентите и да овозможиме квалитетна услуга и навремена достава на картичките, апелираме до сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат истото преку веб страницата на Банката. Воедно, би сакале да ги известиме клиентите кои веќе извршија ажурирање, дека нивните картички се во фаза на изработка и дистрибуција, а за доставата ќе бидат информирани преку СМС пораки“, велат од Банката.

НЛБ Банка ја поддржува оваа Владина иницијатива преку издавање на 113.000 платежни картички. Нивното издавање се одвива етапно и до овој момент Банката има изработено повеќе од 80.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција до клиентите.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: [email protected] или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП