26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКризата ќе ја преживеат само 10 производители на автомобили

Кризата ќе ја преживеат само 10 производители на автомобили

Кризата поради коронавирусот ќе придонесе за забрзување на “природната селекција” и на светскиот пазар ќе преживеат само 10 производители на автомобили, смета консултантската компанија AlixPartners.

Студијата на оваа куќа започнува од фактот дека оваа година продажбата ќе падне за 20 милиони под минатогодишното ниво, како “преку ноќ да исчезне пазар со големина на една Европа“.

Закрепнувањето од кризата ќе потрае, според AlixPartners, неколку години, а последиците од “дарвинизмот” во оваа индустрија е тоа што само финансиски силните и иновативни производители и добавувачи ќе го преживеат претстојното “чистење” на пазарот.

Директорот на секторот за автомобилска индустрија на AlixPartners, Елмар Кадес во интервју за германската агенција DPA, изјави дека е можно намалување на бројот на производители на автомобили до десет, со Tesla во таа група.

Германските производители, проценува тој, припаѓаат на групата производители кои ќе преживеат, иако имаат проблеми со преминот на електричен погон и софтвер, но се доволно силни во тоа за да успеат.

Тој посочи дека добивката поради инвестициите во нови технологии веќе со години е во опаѓање, а дека кризата поради короната само го забрза тој понатамошен пад.

„Севкупно, автомобилската индустрија оваа година нема да може да оствари профит“, изјави Кадес.

Тој изјави дека намалувањето од 21 на 14 милиони продадени возила во Европа бележи најголем пад и дека нивото пред кризата, најверојатно, ќе се достигне дури по пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП