29 март, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 15.06.2020 до 21.06.2020

Неделен хороскоп 15.06.2020 до 21.06.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Доколку работите со партнер, ве очекуваат добри вести и поголема сума на пари.

ЉУБОВ: На полето за љубов се оди глатко, партнерот ви е посветен, само уште недостасува да му возвратите со иста мера.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со уринарниот тракт или функцијата на бубрезите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Можете да се надевате на многу убави случувања на деловен план, ве очекува големо олеснување.

ЉУБОВ: На љубовното поле ќе уживате во секој прекрасен момент кој ќе го поминете со партнерот, ве очекува и мало изненадување.

ЗДРАВЈЕ: Здравствената состојба ви е се подобра.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Се наоѓате во добра работна фаза, ќе имате поволни настани на кои ќе слушнете одлични вести. Работете поорганизирано.

ЉУБОВ: Слободните може да очекуваат ново познанство. Вистинската љубов доаѓа кон нив.

ЗДРАВЈЕ: На полето за здравје ќе немате никакви проблеми.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Можете да очекувате важни разрешувања доколку планирате некоја работа поврзана за недвижнини или продажба на земјиште. Поголема сума на пари доаѓа накај вас.

ЉУБОВ: Слободните ќе имаат интересна средба, оние во врска или брак ќе ја зацврстат љубовната состојба со посмели чекори.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со органите за варење.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Периодот е поволен за патување или деловни преговори, ќе имате доста среќа на ова поле.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ќе ви биде многу возбудлива, ве очекуваат нови прилики за флерт.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за синусите и исхраната.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: На деловениот план оваа недела очекувајте позначителен прилив на пари.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можно е да заземете малку попасивен став.

ЗДРАВЈЕ: Можен е проблем со зголемен холестерол.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Пред вас е фаза во која ќе имате многу среќа на сите полиња. Оваа недела нема да имате премногу напорни обврски.

ЉУБОВ: На полето за љубов ќе цветаат рози со личноста која искрено ве сака и сака да бидете покрај неа.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Ќе ви бидат наметнати некои мали ограничувања на деловното поле, но доколку бидете рационални лесно ќе ги надминете.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација би можела да биде интересна доколку ви се допаѓа некоја Риба.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за можни проблеми со загубата на енергија.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Можете да очекувате прилика за опуштање и фаза во која нема да бидете претерано оптеретени со обврски.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта преку некој пријател ќе запознаете личност со која наскоро ќе влезете во врска.

ЗДРАВЈЕ: Солидно.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Посветени сте и на работата и тоа во оваа недела ќе ви донесе многу добри резултати.

ЉУБОВ: Во љубовта ќе имате некои пречки и сомнежи. Љубомората нема да ве остави на раат.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со грбот, болки во рбетот.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Доколку планирате соработка со странство, тешко ќе биде да ја остварите. Ќе  имате големи пречки оваа недела во работата.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација е прилично интересна ако ви допаѓа некој Бик.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за проблемите поврзани со циркулацијата.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Ве очекува некоја добивка на полето за финасии, наследство или добро ново партнерство.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можете да се надевате на страствени случувања и добра атмосфера.

ЗДРАВЈЕ: Без поголеми тешкотии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП