19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord и Volkswagen влегуваат во сојуз

Ford и Volkswagen влегуваат во сојуз

Volkswagen AG и Ford Motor Company ги најавија првите официјални договори за формирање сојуз кој ќе им помогне на матичните компании да ја зголемат конкурентноста и подобро да им служат на клиентите во оваа ера на брзи промени во индустријата.

Директорот на Volkswagen, др. Херберт Дис и извршниот директор на Ford, Џим Хакет потврдија дека компаниите имаат намера да развиваат “економски” возила, поточно комбиња и пикапи со средна големина за глобалните пазари уште во 2022 година. Овој сојуз ќе постигне значителни размери и ефикасност, и ќе им овозможи на компаниите да ги поделат инвестициите во архитектура на возила кои обезбедуваат различни можности и технологии.

Volkswagen и Ford проценуваат дека комерцијалната соработка во развојот на овие возила ќе донесе подобри годишни резултати од работењето пред оданочување уште во 2023 година.

Покрај тоа, Volkswagen и Ford потпишаа меморандум за истражување на можноста за соработка во развојот на автономни возила, услуги за мобилност и електрични возила. И двете компании потврдија дека се отворени да размислат за дополнителни заеднички програми за развој на возила во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП