28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСупер храна која прави чуда за организмот: Овие три моќни намирници треба...

Супер храна која прави чуда за организмот: Овие три моќни намирници треба секој ден да се јадат!

Откријте кои намирници и пијалоци треба да ги вклучувате во своето мени секој ден.

Зелен чај

Добро се познати придобивките кои ги носи овој пијалок. Содржи многу антиоксиданти кои го чистат телото од акумулираните токсини.

Го забрзува метаболизмот и помага при слабеење. Има корисен ефект врз работата на срцето и крвните садови, мозокот и варењето на храната. Покрај тоа, го зајакнува имунитетот, го смирува телото и помага во борбата против кариес.

Јогурт

Јогуртот е вистински извор на протеини, калциум и добри бактерии кои го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат варењето.

Но, не сите јогурти се исти, затоа треба да ги избегнувате оние со додаден шеќер. Најдобар избор е домашен кефир, уште и ако го засладите со овошје или мед, задоволството е подобро.

Јаболки

Јаболките се полни со растителни влакна, витамини и минерали. Постојат многу здравствени придобивки од ова овошје, и тие помагаат во намалување на холестеролот, зајакнување на срцето и крвните садови.

Покрај тоа, го намалуваат ризикот од воспаление и ги зајакнуваат коските. Изберете јаболки кои не се прскани, а ако немате друг избор, подобро излупете ја кората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП