4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПаѓаат цените на електричните возила

Паѓаат цените на електричните возила

chevrolet-volt-46-8293056446852877921

Цените на електричните автомобили значително се намалуваат. Падот достигнува рекордни 10.000 долари. Така со намалувањето на цената „Chevrolet Volt“ на „General Motors“ сега чини 30.000 долари, наместо првичните 40.000 долари.

Во јануари пак „Nissan Motor“ ја намали цената на моделот „Leaf“ за 6.400 долари и сега таа изнесува 30.000 долари. „Ford Motor“ објави минатата недела дека за 4.000 долари ќе биде намалена цената на моделот „Focus EV“.

Причина за драстичните намалувања се слабите продажби на овој тип автомобили, прецизираат експертите.

„Податоците од продажбата покажуваат што сакаат потрошувачите”, коментира Глорија Бергкуист од Алијансата на автомобилски производители во САД.

„Оние кои се отворени кон иновациите, веќе купија електрични автомобили, но масовните корисници се уште не ги следеле“, објасни таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП