19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајмногу овошје се јаде на југот на Европа, а зеленчук на северот...

Најмногу овошје се јаде на југот на Европа, а зеленчук на северот на овој континент

Жените во Европа јадат повеќе овошје од мажите на овој континент, а луѓето со повисоко ниво на образование јадат повеќе овошје од помалку образованите луѓе, покажува студијата за навики на јадење која ја спровеле норвешки научници.

Најмногу овошје јадат европејците на југот на континентот, а Европејците на север јадат најмногу зеленчук, покажало истражувањето спроведено од Тоње Холте Стеа од универзитетот Агдер во Кристијансанд.

Според резултатите од истражувањето, жителите на Источна Европа биле на самото дно на скалата.

Истражувачите ги проучувале податоците од 37.672 возрасни лица од 21 земја. Меѓу испитаниците биле 2891 од Германија, 1705 од Австрија и 1460 од Швајцарија.

Секој одговарал на прашања за тоа колку конзумира овошје или зеленчук, вклучително и салати. Компирите не биле вклучени во прашалникот.

Податоците не земале во предвид ниту големини на порциите, и научниците истакнуваат дека не можат да утврдат дали испитаниците консумираат пет порции овошје и зеленчук на ден, како што препорачува Светската здравствена организација.

Резултатите од ова истражување се објавени во списанието “PLOS ONE”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП