29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M забележа најголем скок на продажбата во последните девет месеци

H&M забележа најголем скок на продажбата во последните девет месеци

h&m1

Шведскиот ланец на продавници „Hennes & Mauritz“ денес го објави силниот скок на продажбата во јуни, кој воедно е најголемиот во последните девет месеци.

Продажбата во продавниците кои се отворени една година и подолго е зголемена за три проценти во однос на истиот период минатата година пресметано во локaлни валути, што е нејзиниот најголем раст од септември минатата година.

Вкупната продажба надмина 13 проценти, извести денес вториот најголем ланец на продавници за облека во светот.

„H&M“ веќе објави дека продажбата во првите 17 дена од минатиот месец е зголемена за 14 проценти.

Извршниот директор на шведската компанија Карл Јохан Персон тогаш ја потенцираше неочекувано добрата распродажба на новите модни линии. Тој, сепак, предупреди дека можната причина за тоа е невообичаеното ладно време во тој период од годината.

Производителите на облека тешко работат во Европа која е погодена од рецесија, каде потрошувачите внимателно ја планираат потрошувачката. Затоа, трговските ланци како „H&M“, се соочени со се поголема конкуренција.

Во компанијата не ги кометираа податоците за продажбата во јуни. На крајот на јуни „H&M“ имаше вкупно 2,926 продавници, 330 повеќе од крајот на јуни минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП