петок, јануари 28, 2022
ПочетнаКУЛТУРА„Македокс“ почнува партнерство со три етаблирани фестивали за документарни филмови

„Македокс“ почнува партнерство со три етаблирани фестивали за документарни филмови

Фестивалот за документарни филмови „Македокс“ е дел од нова мрежа во која учествуваат фестивали од Германија, Шпанија и Франција.

Мрежата е именувана Фестдокс нетворк, а покрај нашиот фестивал во неа учествуваат и ДОК.фест Минхен (Германија), Докс Барселона (Шпанија) и ФИПАДОК (Биариц, Франција).

Партнерството меѓу овие четири фестивали за документарни филмови е резултат на заедничката цел за поддршка и промоција на креативни документарни филмови, како и зголемување на нивната достапност кон што поголема публика.

„Нам ни е најважно тоа што документарците кои ги имаме во програмите на сите наши фестивали добиваат шанса да бидат видени. Четирите фестивали си ги здружуваат силите, експертизата и срцата за да осигураат далекусежна видливост на документарните филмови. Кризата која сега ја искусуваме ни дава шанса да си потврдиме дека заедничкото работење е незаменливо“, стои во заедничката изјава на Фестдокс нетворк.

Во иднина четирите фестивали ќе се поддржуваат меѓусебно при селектирање филмови од своите земји за фестивалските програми. Исто така, тие ќе организираат посети на клучни експерти од индустријата од секоја земја на фестивалите.

Фестдокс нетворк е промовирана за време на фестивалот ДОК.фест Минхен, кој онлајн се одржува од 6 до 24 мај.

За време на фестивалот Докс Барселона фестивал онлајн, од 19 до 31 мај, ќе се објават дополнителни информации и повеќе детали околу партнерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП