3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДеца и полномасно млеко: Што е исправно?

Деца и полномасно млеко: Што е исправно?

Иако во последно време го следи лоша репутација и им се советува на возрасните да не пијат млеко, децата имаат потреба од тоа. Млекото е одличен извор на калциум, јод, витамини А и Б12, и маснотии, а мастите се клучни за задоволување на енергетските потреби кај детето. Децата од една до две години би требало да пијат по две до три чаши млеко на ден.

Три изворите се од кои детскиот организам ја добива енергијата – млечни производи, протеини и јаглени хидрати. На просечен две годишник му требаат 80 калории на килограм тежина, повеќе од потребите на возрасните.

Неодамнешна студија која ја објави The American Journal of Clinical Nutrition покажа дека децата кои пијат полномаслено млеко, има помала веројатност да се дебели отколку децата кои пијат обезмастено млеко.

„Ние не им препорачуваме на родителите да им даваат обезмастено млеко на децата, особено не на децата под пет години“, изјави Симон Стенсо, научник за исхрана во британското здружение на нутриционисти, за CNN.

Џонатан Мегваер од Универзитетот во Торонто и неговиот тим подготвуваат испитување во кое ќе учествуваат 500 деца помлади од пет години за да видат дали содржината на маснотиите во млекото кое го пијат е клучен фактор за одредување на нивната тежина. Ќе ги земат во предвид навиките на јадење кај децата, почетната тежина и други фактори кои можат да влијаат на резултатот од студијата.

„Голем број фактори влијаат на тежината на детето. Станува збор за сложен проблем“, заклучува Мегваер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП