26 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 06.04.2020 до 12.04.2020

Неделен хороскоп 06.04.2020 до 12.04.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Вашите финансиски проблеми ќе ги направите приоритетни и максимално ќе им се посветите. Ништо друго нема да ве интересира.

ЉУБОВ: Емотивните случувања ви се во втор план, па затоа нема да му се посветите на партнерот. Тој ќе ве разбере, секако доколку тоа не трае предолго.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за забите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Не сте во поволен период за донесување на важни одлуки. Можно е да наидете на некои поголеми проблеми на деловен план.

ЉУБОВ: Можни се поголеми кавги и конфликти со партнерот. Во некои момени сте премногу груби кон него.

ЗДРАВЈЕ: Можни се силни главоболки.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Многу поволен период за изработување на деловна стратегија и планови за во иднина. Оваа недела ќе имате детален увид во деловната ситуација.

ЉУБОВ: Имате преголема кочница во себе и затоа не сте способни да му се отворите на саканото лице. Престанете сами да донесувате заклучоци и прашајте го партнерот како заеднички да ги решите проблемите.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Можете да очекувате помош и поддршка од страна на некој колега. Овој период не е поволен за влез во заеднички бизнис со некој пријател.

ЉУБОВ: Полека ја губите самодовербата бидејќи лицето кое ви се допаѓа не ви посветува доволно внимание.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со циркулацијата.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Многу е важно да бидете максимално фокусирани на полето на работа во оваа фаза. Важни настани следат, немојте да ги пропуштите.

ЉУБОВ: Ќе бидете во можност за интересен флерт, но доколку сте во врска не го правете тоа. Оние во врска ќе имаат судир на интереси со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Ќе ви се отвори прилика да склопите некој важен договор со важни соработници.

ЉУБОВ: Доколку се во врска оваа недела ќе биде прилично мирно.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на црниот дроб и жолчката.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Поволен период доколку планирате да побарате некоја позајмица или кредит. Благо финансиско подобрување доаѓа кон вас.

ЉУБОВ: Доколку сте во брак односите со партнерот ќе бидат совршени.

ЗДРАВЈЕ: Регулирајте го внесувањето на течности.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Можни се кавги и расправии со деловните партнери. Сметате дека тие не ги исполнуваат вашите очекувања.

ЉУБОВ: Дефинирајте ја ситуацијата на љубовен план и направете се што е потребно за да му ги докажете на партнерот вашите намери.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со репрoдуктивните органи.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Преоптеретени сте со деловни обврски и немате повеќе сила да се посветите на било што друго. Вложувате максимални напори.

ЉУБОВ: Доколку сте слободни можете да очекувате интересна средба во текот на оваа недела. Ќе се појави лице во кое ќе се заљубите на прв поглед.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте доколку забележите хроничен замор.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Не верувајте во лажни ветувања. Некој се обидува да ве измами со нереланите цифри кои ви ги ветува.

ЉУБОВ: Премногу брзоплето се впуштате во врски кои на крајот не излегуваат онака како што сте се надевале. Запрете малку, олабавете и размислете.

ЗДРАВЈЕ: Mожна е настинка, вирусна инфекција.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Ако се занимавате со приватна работа може да очекувате компликации и проблеми во деловниот свет. Внимавајте на финансиите.

ЉУБОВ: Малку се досадувате кога станува збор за љубовното поле. Можеби вашата врска станала монотона, внесете свежина во неа.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со мочниот меур.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Оваа недела ќе се стабилизирте на деловен пла. Цело време ќе ве следат поволни нешта.

ЉУБОВ: Тешко доаѓате до промени на љубовен план, иако ги посакувате. Некои работи едноствано не ви одат, затоа почекајте малку, не очајувајте.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со кашлица или болка во белите дробови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП