23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМНТ ја слави 75-годишнината од првата премиера

МНТ ја слави 75-годишнината од првата премиера

Македонскиот народен театар денес ја слави 75-годишнината од првата премиера на театарот – претставата „Платон Кречет“ во режија на Димитар Ќостаров.

„Иако денес сцената е празна, сите ние ги чувствуваме мирисот на сцената и театарската светлина во нас. Сите овие изминати години беа исполнети со дружење, смеа, креативност, силина, моќ, радост… Вие актерите од разни генерации одигравте/играте на сцената со бескрајна посветеност, страст, жар, пожртвуваност и секокаш дававте/давате сè од себе. Огромен е бројот на режисерите, драматурзите, сценографите, костимографите, композиторите, сектор светло, сектор тон, сектор видео, инженерите, гардероберите, реквизитерите, шминкерите, фризерите, изработувачите на сценографија, декоратерите и администрацијата, кои со неуморна сила секогаш сте присутни зад сцената овозможувајќи непречено да се одвива магијата и вашата посветеност е непроценлива. Сите заедно направивме театарот да живее, расте и се развива и истовремено да се прикаже на сцената мигот од животот пред верната публика!

Иако првпат се соочуваме со празна сцена и празни седишта, повторно светлата ќе се запалат, сценографијата ќе иде на сцената и вие актерите ќе ги облечете костимите и ќе изговорите текст затоа што театарот бил, тука е и ќе остане засекогаш! Иако сега ова е тивок период на сцената, неговото бескрајното патување низ времето продолжува со креирање и планирање нови претстави, проекти, изложби… Театарот отсекогаш бил во нашите срца и мисли! Поради тоа, на сите што сте биле и сте дел од МНТ на кој било начин, би сакале да ви заблагодариме за сѐ и за секоја ваша пожртвуваност да ви оддадеме почит! Нека ни е честит јубилејот!“, се наведува во соопштението на МНТ по повод годишнината од првата премиера.

(Фотографијата е од претставата „Швејк во втората светска војна 1963“)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП