26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗнаете ли дека од кората на јаболките можете да направите совршен природен...

Знаете ли дека од кората на јаболките можете да направите совршен природен јаболков оцет?

Ако не јадете јаболки често, па нема многу остатоци, тогаш собирајте ги во замрзнувач додека не добиете доволна количина за правење оцет. Кората и сите останати остатоци ставете ги во кесички и замрзнете ги. Добар јаболков оцет можете да направите и од цели јаболка, само исецкајте ги и следете ги дадените упатства.

Постапка:

Во тегла ставете ги остатоците од јаболката па прелијте ги со вода во која сте ставиле шеќер. На литар вода се става околу третина шолја шеќер. Теглата покријте ја со прозрачно парче ткаенина, зацврстете ја со ластиче и чекајте.

По отприлика една недела, течноста станува потемна. Тогаш исцедете ја и вратете ја во теглата па повторно покријте ја со прозрачно крпче. Повторно оставете околу три до четири недели.

Ќе знаете дека јаболковиот оцет е готов кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња во течноста. Јаболковиот оцет чувајте го на поладно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП