24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако и кога да се пере облеката за да се избегне можна...

Како и кога да се пере облеката за да се избегне можна инфекција со коронавирус?

За жал, има малку информации за однесувањето на вирусот кога станува збор за контакт со нашата облека, на пример, ако некој кашла близу до вас додека пазарува намирници.

Иако официјалното време на преживување на коронавирусот на ткаенината е непознато засега, многу медицински експерти веруваат дека на меките површини веројатно ќе преживеат пократко.

Сепак, облеката сè уште може да биде изложена на вирусот кога одите во продавница или аптека, и затоа е важно да ја исперете откако ќе ја носите.

Во продолжение прочитајте неколку совети кои треба да ги имате во предвид при перење:

– Перете ја облеката на највисока можна температура соодветна за одредената облека.

– Оставете ги работите на сушарата се додека не се исушат целосно.

– Ако не користите ракавици при перење на алиштата, измијте ги добро откако ќе ги ставите во машина за перење. Измијте ги дури и ако користите ракавици.

– Измијте ја и исчистете ја и корпата за алишта, бидејќи оваа површина може да собира бактерии.

– Не ги протресувајте валканите алишта пред перење за да го намалите потенцијалот од ширење вируси.

– Ризичните алишта перете ги одвоено од другите артикли.

Како да се одржува облеката на заразените лица?

– Исперете ја облеката на пациентот, постелнините, крпите за бањање и рачните крпи со нормален детергент за перење и вода или во машина за перење на 60-90 ° C со нормален детергент и исушете ги темелно.

– Контаминираната постелнина ставете ја во корпа или торба за облека.

– Не ги тресете валканите алишта и избегнувајте контаминираните материјали да дојдат во контакт со кожата и облеката.

– Потребно е да користите ракавици и заштитната облека при чистење на површини или ракување со облеката или постелнината извалкана со телесни течности.

– Во зависност од контекстот, може да се користат ракавици за чистење или ракавици за еднократна употреба.

– По употреба, ракавиците за чистење треба да се измијат со сапун и вода и да се деконтаминираат со 0,5% раствор на натриум хипохлорит.

– Рачните ракавици за еднократна употреба треба да се фрлат по секоја употреба. Измијте ги рацете пред и по отстранувањето на раквиците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП