25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСЗО: Преку WhatsApp ги информираме луѓето ширум светот

СЗО: Преку WhatsApp ги информираме луѓето ширум светот

Како се зголемува бројот на вести за коронавирусот на интернет, така се зголемува и бројот на дезинформации. Поради тоа, Светската здравствена организација одлучи да го употреби најмасовниот сервис за размена на пораки во светот за точните информации да стигнат и до оние најзагрижените. Секој може да се пријави на контакт листата, а СЗО го овозможи со помош на WhatsApp бот.

Како да се поврзете?

Прво, потребно е бројот +41 79 893 18 92 да го меморирате во своите контакти, а потоа да го најдете во своите WhatsApp контакти и да испратите порака. Таа порака може да биде било што, како „Здраво“ или нешто друго. Потоа ќе добиете автоматски повратна порака во која ќе можете да видите понатамошни упатства. Со тоа сте пријавени за известувања, а исто така можете да изберете еден од понудените броеви во однос на тоа какви информации сакате да проверите за пандемијата.

Некои од понудените опции вклучуваат последни информации за тоа како се шири вирусот, прашања за превенцијата, но и дел од некои митови на кои наидуваме на интернет, а за кои СЗО овде понуди да одговори. На крај, ако сте расположени, останува и опцијата за донирање средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП