Во јануари годинава се увезени вкупно 1.813 возила во земјава од кои само 1.224 биле половни автомобили – покажувата податоците на Царинската Управа.
Бројките покажуваат дека данокот на моторните возила со кој возилата се даночат и по емисијата на CO2 кој го испуштаат во воздухот, кој стапи на сила од јануари годинава, драстично, односно за речиси пет пати го намали увозот на половни возила во земјава. Така само во декември, пред стапување на сила на новата регулатива, автоплацевите во земјава увезле 6.476 автомобили од кои дури 5.256 биле половни патнички автомобили. А само лани бројот на увезени половни автомобили се искачил на 38.580, од вкупно увезени 48.969 моторни возила во земјава.
Податоците на Царинската управа покажуваат дека за десет години, од кога беа воведени поволностите од претходната Влада за слободен увоз на странски половни возила во земјава драстично расте бројот на увезените половни на сметка на увозот на новите возила. Или заклучно со декември лани биле увезени вкупно 314.257 половни автомобили од странство. Статистиката пак покажува дека добар дел од овие автомобили се дизел и со ЕУРО 3 или 4 стандард, односно испуштаат многу повеќе издувни штетни гасови за животната средина.
Статистиката покажува дека по годините бројките варираат и се движи од околу 23.000 до 35.000 увезени половни возила годишно.
Најголемиот бум на пазарот се случил токму во 2010-та година кога биле увезени дури 51.399 половни возила.
Увоз на употребувани возила :
јануари 2020 1.224
2019 година 38.580
2018 година 30.237
2017 година 22.964
2016 година 25.889
2015 година 23.196
2014 година 29.558
2013 година 29.560
2012 година 28.546
2011 година 34.328
2010 година 51.399
Извор: Царинска Управа