25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонската култура дел од изложба на руски уметник

Македонската култура дел од изложба на руски уметник

Во Москва вчера беше отворена изложба на слики од рускиот уметник Александар Белугин кој првите слики од оваа едиција ги создаде во земјава во 2010 година, инспириран од убавината на природата и гостопримството на народот.

Изложбата ќе биде отворена десет дена, а содржи 68 слики кои, според авторот, се пронижани со балканскиот дух.

На промоцијата настапија и артистите од театарот „Город“ кои изведоа фрагменти од „Чернодрински се враќа дома“ на Горан Стефановски, а претседателката на Македонскиот културен центар, Олга Панкина промовираше книги од македонски автори објавени во периодот 2019-2020 година во нејзин превод на руски јазик.

Беа промовирани „Собирачи на пепел“ од Давор Стојановски, „Раѓање на зборот. Македонски преводи од Олга Панкина“, „Македонски монолог“ – поезија од Гане Тодоровски, „Маџун“ од Влада Урошевиќ, „Разговор со Спиноза“ од Гоце Смилевски, „Пат на Итака“ од Мирјана Тренчева, „Не сум виновен за ништо“ од Тоде Ристо Блажевски и „Доилката“ од Лилјана Пандева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП