16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГрупацијата Hyundai-Kia прва во светот развила паметен менувач

Групацијата Hyundai-Kia прва во светот развила паметен менувач

Автомобилската групaција Hyundai-Kia неодамна објави дека прва во светот развила паметен менувач (ICT Connected Shift System), кој со помош на предвидувања со информатичка-комуникациона технологија автоматски менува во оптимална брзина со оглед на ситуацијата во сообраќајот.

Kia и Hyundai имаат намера да ја користат оваа нова технологија кај своите идни модели. За време на процесот на развој на системот се поднесени околу 40 апликации за патенти.

Паметниот менувач користи интелигентен софтвер за контрола на менувач (TCU), кој информациите ги собира и обработува во реално време. Податоците се добиваат со помош на следниве технологии: 3Д навигација со точни патни мапи и поставени радари за мерење на брзина и радарски темпомат.

3Д навигацијата содржи информации за надморска височина, наклон, искривување, бројни други елементи и тековни состојби во сообраќајот. Радарот во возилото ја открива брзината на возилото и растојанието до возилото пред и со други возила, додека напред поставената камера дава информации за возните ленти.

Користејќи ги сите тие податоци, TCU со помош на алгоритам на вештачка интелигенција предвидува оптимален однос на пренос во реално време и во согласно со тоа се префрла во оптимална брзина.

Kia има намера да го подобри паметниот менувач со уште поинтелигентна технологија, која ќе овозможи комуникација со семафори, а која ќе се заснова на LTE или 5G технологии, а и ќе ги препознаваат намерите на возачот. Сето тоа ќе доведе до уште поефикасно менување на брзините, се наведува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП