27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИспратени сите 5.000 вработени да работат од дома, забранети и деловни патувања

Испратени сите 5.000 вработени да работат од дома, забранети и деловни патувања

Компанијата Twitter им нареди на сите свои вработени да работат од дома, за да помогнат на стопирање на ширењето на коронавирусот.

Во блог на компанијата се наведува дека нејзиниот персонал во Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја изминатиот месец или два задолжително работеле на далечина, но сега силно ги охрабрува сите свои 5.000 работници ширум светот да не доаѓаат на работа.

Оваа одлука доаѓа откако компанијата ги забрани сите неважни деловни патувања и присуство на големи настани на своите вработени.

Twitter веќе објави дека се повлекува од прес конференции овој месец пред филмскиот фестивал South by Southwest во Тексас.

„Нашата цел е да ја намалиме веројатноста на ширењето на коронавирусот и за нас и за светот околу нас“, изјави менаџерката за човечки ресурси во Twitter, Џенифер Кристи.

Во блогот исто така се истакнува дека Twitter веќе извесно време развива начини за работа од дома.

„Иако ова е голема промена за нас, веќе се движиме кон работната сила која е сè пооддалечена. Ние сме глобална услуга и посветени сме на тоа да му овозможиме на било кој на било кое место да работи на Twitter“, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП