26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаместо во Женева, BMW новиот модел ќе го претстави во "livestream"

Наместо во Женева, BMW новиот модел ќе го претстави во “livestream”

Бидејќи годинешниот саем на автомобили во Женева беше откажан за прв пат по Втората светска војна, производителите на автомобили се обидуваат виртуелно да ги разбудат потенцијалните купувачи кои инаку би дошле во швајцарски град за да ги погледнат најновите модели.

BMW AG во вторник ќе го претстави својот i4 концепт автомобил со батерија, додека популарниот Mercedes-Benz E-Class и Audi A3 sportback и целосно електричниот E-Tron S, исто така ќе бидат рекламирани на дигиталните екрани.

Иако производителите во последниве години се повлекуваат од автомобилските изложби, собирите и понатаму продолжуваат да привлекуваат медиуми, добавувачи и љубителите во желба да кренат рака над најновиот тренд на тапацирање или да се сместат зад воланот на новите возила.

Volkswagen AG ја искористи минатогодишната франкфуртска манифестација за да го претстави својот електричен автомобил ID.3 и да ја шири пораката дека најголемиот светски производител на автомобили започнал силно по кризата околу Dieselgate.

Саемот во Женева, кој требаше да започне оваа недела е откажан поради брзото ширење на коронавирусот во Европа. Производителите на автомобили се принудени на планирање во вонредни ситуации, со мрежни настани кои се појавија како начин за спасување на дел од нивните маркетиншки напори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП