5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали возачите во скапите автомобили поретко ги пропуштаат пешаците?

Дали возачите во скапите автомобили поретко ги пропуштаат пешаците?

Најновата студија покажува дека и полот влијае на тоа дали возачот ќе застане за да пропушти пешак.

Минатата година беше една од најопасните за пешаците во САД во последните три децении, покажува студијата на Американското здружение за безбедност на патиштата. Статистиката вели дека во таа земја во 2019 година на улиците биле убиени дури 6.590 пешаци.

Едно од фаталните места на кои се вкрстуваат патиштата за возилата и пешаците се пешачките премини, а според ова истражување, возачите во поскапи автомобили се помалку склони да ги пропуштат пешаците на премин.

Студијата покажува дека колку е поскап автомобил, толку е помала веројатноста дека возачот во него ќе одлучи да го запре возилото за да пропушти пешак кој сака да ја премине улицата.

Како пример, истражувачите избрале два пешачки премини во Лас Вегас кои не се наоѓаат во рамките на раскрсниците, туку меѓу нив. Откриле дека веројатноста автомобил да запре на пешачки премин ќе се намали за 3 проценти на секои 1.000 долари зголемување на вредноста на даденото возило.

Од 461 автомобили забележани во оваа студија, само 28 проценти засстанале да пропуштаат пешаци.

Истражувањето исто така се занимавало со тоа дали на одлуката на возачот ќе застане пред пешак влијаел полот и расата на пешакот.

Се покажало дека автомобилите често застануваат ако пешакот е жена (31,3 проценти), отколку кога е маж (24,1 проценти). Возачите, исто така, често пуштале белци (31,2 проценти) од оние чија кожа е потемна (24,8 проценти).

Истражувачите забележале дека помладите и возачите од машки пол се повеќе склони кон ризично однесување зад воланот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП