26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите подготвија 27 милиони за Јоветиќ

Ѓаволите подготвија 27 милиони за Јоветиќ

joveticc

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед планира да се вклучи во борбата за купување на црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ од Фиорентина. До овој момент името на 23-годишниот напаѓач беше поврзувано претежно со Јувентус, а во последниве денови и со Манчестер Сити.

Според британските медиуми раководството на „црвените ѓаволи“ размислуваа да и понуди 27 милиони фунти на Фиорентина за Црногорецот, кој беше втор избор на новиот менаџер Дејвид Мојс по одбивањето на Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд.

Менаџерот на „граѓаните“ Мануел Пелегрини го сметаше трансферот на Јоветиќ за сигурен, но агентот на напаѓачот Фабио Рамадани е подготвен да преговара со сите заинтересирани клубови.

Најголемата предност на Јунајтед пред градскиот ривал се повеќето успеси кои ги имаат направено досега, како и авторитетот на клубот.

Останува да се види каде Јоветиќ ќе ја продолжи својата кариера, дали ќе се пресели во некој од гигантите од Манчестер или ќе остане во Италија, во дресот на Јувентус или пак уште една сезона во Фиорентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП