26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНов рекорд на Били Ајлиш: Најпродавана песна од филмовите за Џејмс Бонд...

Нов рекорд на Били Ајлиш: Најпродавана песна од филмовите за Џејмс Бонд (видео)

Младата американска пејачка Били Ајлиш го сруши рекордот во Велика Британија за продажба на песна од филмот за Џејмс Бонд, која беше објавена пред една недела.

Песната „No Time To Die“, која се вика исто како филмот за славниот агент 007, продадена е во 90.000 примероци и во 10,6 милиони примероци во аудио стриминг за седум дена. Песната директно стигна на врвот како најпродавана во Велика Британија.

Таа е и најпродаваната песна од филмовите за Џејмс Бонд во првата недела од објавувањето.

Во првата недела на емитување во 2012 година, песната „Skyfall“ која ја изведува пејачката Адел продадена е во 84.000 примероци.

Били Ајлиш заедно со братот Финиас О’Конел ја напишала и снимила песната „No Time To Die“.

Песната содржи грандиозна меланхолија која е веќе препознатлива за младата уметничка. Пејачката, која има само 18 години и пее во нов жанр на панк-рок стил, веќе стана нов вид поп ѕвезда.

Таа оваа година доби Греми награди во неколку категории, меѓу кои и албум на годината, песна на годината, музичко видео на годината и откритие на годината. Таа е најмладата уметничка која снимила музика за филм за Џејмс Бонд, чие продолжение излегува во април.

Тоа е петти и веројатно последен филм за Даниел Крег (51), кој го глуми познатиот британски агент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП