26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтотици мали компании ќе учествуваат во производството на првиот турски автомобил

Стотици мали компании ќе учествуваат во производството на првиот турски автомобил

Турски TOGG (Turkey’s Automobile Joint Venture Group) планира да потпише договори со 114 компании кои ќе бидат нивни добавувачи во процесот на производство на турскиот електричен автомобил.

Во меѓувреме, околу 400 мали и средни бизниси разговараат со TOGG да станат потенцијални добавувачи кога масовното производство на првиот домашен автомобил ќе започне во 2022 година.

Според турски Daily Sabah, Здружението на автомобилски добавувачи на Турција (TAYSAD) веќе воспостави ланец на добавувачи со 25 компании кои моментно учествуваат во производството на автомобили.

Според проценките, производството на домашен автомобили ќе создаде пазар вреден 18 милијарди турски лири (3 милијарди долари) за мали и средни претпријатија во периодот помеѓу 2022 и 2032 година.

Големи инвестиции

Ar Metal, една од компаниите кои веќе учествуваат во синџирот на добавувачи, се подготвува за инвестиција од 3 милиони лири за да започне со производство на метални компоненти за автомобилот.

TOGG е исто така во преговори со локалните добавувачи за производство на литиумски и секундарни батерии и планира заедно со 300 добавувачи да инвестира 7 милијарди долари лири во текот на наредните 10 години.

Алпер Канча, претседател на TAYSAD, изјави дека TOGG преговара со околу 60 компании кои веќе работат за меѓународни автомобилски гиганти.

„Целта ни е сите добавувачи на  TOGG да бидат локални“, изјави Канча.

Автомобилот, кој за Турците е остварување на 60-годишниот сон, да имаат автомобил од сопствено производство, е дизајниран од TOGG за 18 месеци.

TOGG е заеднички проект кој се состои од пет водечки турски индустриски групации кои се здружиле за да го направат овој автомобил. Автомобилот ќе се произведува во фабрика која за оваа намена ќе се гради во северозападната провинција Бурса, честопати нарекувана главен град на турската автомобилска индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП