25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новиот Audi S3 (видео)

Ова е новиот Audi S3 (видео)

Audi A3 четвртата генерација ќе има светска премиера на претстојниот саем за автомобили во Женева, а британските новинари веќе имаа шанса да ја испробаат неговата спортска варијанта S3.

Британското списание “What Car?” го возеше пред-продукцискиот Audi S3, чија надворешност била покриена со маскирна фолија, за да го зачува во тајност дизајнот на автомобилот, сè до премиерата закажана за почетокот на март.

Сепак, некои детали не можеле да се сокријат, па веќе може да се почувствува дека новиот S3 има помодерен и поагресивен изглед од сегашниот модел.

Во однос на погонот, новиот Audi S3 добива сила од 4-цилиндричен 2,0-литарски турбополнач со 310 КС. Моторот е поврзан со 7-брзински автоматски S-Tronic менувач, а погонот е на сите 4 тркала.

Audi засега не ги откри податоците за перформансите, а What Car? тврди дека автомобилот од 0 до 100 км на час забрзува за околу 4,7 секунди. Максималната брзина е ограничена на 250 км на час.

Повеќе детали и официјални фотографии од новиот Audi S3 ќе бидат објавени пред премиерата. Фабриката ќе отвори книга со нарачки за S3 во мај 2020 година, а првите испораки се планирани за јули. Цената ќе биде објавена подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП