26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобри бизнис дестинации

Најдобри бизнис дестинации

bizdes1

Њујорк и САД се на самиот врв на листата на бизнис туристички дестинации според искуството и мислењето на деловните луѓе на раководните позиции во 94 земји во светот, а во однос на опсегот на цените и квалитетите на услугите кои ги опфаќаат состаноците, конференциите, саемите, изложбите…

Меѓу градовите, по Њујорк, на второто место е позициониран Лондон, додека пак третото место го зазема Сингапур, четвртото Париз, а петтото Чикаго. На листата на топ земји, по САД кој е на првото место, второто место го зазема Германија, третото го држи Италија, четвртото и припадна на Шпанија, а петтото на Франција.

Покрај импресивниот резултат кој го оствари САД освојувајќи го првото место во категоријата на земји и во категоријата на градови (Њујорк), лесно е видлива исклучителната позиција на европските градови и земји, како и силните импулси од Азија.

Имено, на листата „Best Buy Award Top 20 MICE“ светски градови, апсолутна доминација има Европа со дури 11 метрополи: Лондон на второто место, Барселона на деветото, Москва на дванаесетото, Женева на тринаесетото, Келн на четиринаесетото, Дизелдорф на седумнаесетото, Берлин на осумнаесетото, Виена на деветнаесетото и Милано на дваесетото место.

По европските градови, следат азиските метрополи, од кои пет успеаа да се пласираат на оваа листа: Сингапур на третото место, Хонг Конг на осмото, Шангај на единаесетото, Токио на петнаесетото и Пекинг на шеснаесетото место.

Северноамериканскиот континент е застапен со четири градови: Њујорк на првото место, Чикаго на петтото, Торонто на седмото и Лас Вегас на десетото место.

Глобалното истражување на „Best Buy Award- Global MICE Survey“ за 2012 година, кое го спроведе швајцарската компанија „ICERTIAS“ (International Certification Association) со седиште во Цирих, опфатило 21.895 деловни луѓе на раководни функции од 94 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП