Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,704.50 7%    BESK 5,643.00 10%    GRNT 790.86 6.03%    KMB 6,027.13 7.4%    MPT 50,496.41 8.52%    MTUR 4,400.00 10%    OKTA 3,000.00 0.99%    STB 885.95 6.61%    TNB 13,878.00 10%    TTK 1,166.00 10%    UNI 1,885.00 5.78%    ZUMS 1,000.00 0%    

Фотографската изложба „Прага интима“ на Влатко Деков во НЛБ Галерија

Време: 15:04

Датум: февруари 5, 2020

Категорија: КУЛТУРА

Во просторот на НЛБ Галерија вечерва (5 февруари) со почеток во 20 часот ќе се отвори изложба на црно-бели фотографии на македонскиот автор Влатко Деков.

Во неговиот кус опис за изложбата авторот ќе каже: „Постојат места каде времето е застанато, а со него и приказните за луѓето кои живееле таму. Во тие места се заљубуваме, нѐ маѓепсуваат и нѐ цртаат како ликови во нивните приказни кои потоа ги раскажуваме. Прага интима е визуелна приказна за едно такво место. Личен, интимен портрет на еден од најубавите градови и магични места во светот, Прага“.

На трагите на она што го работеше познатиот чешки фотограф, Јосеф Судек, „Прага интима“ ги доловува скриените, вонвременски делови на градот, најчесто без присуство на луѓе.

Проектот е работен две години, период во кој авторот ја посетува Прага повеќепати, живее и ја фотографира во текот на летниот и во зимскиот период.

На изложбата посетителите ќе имаат можност да погледнат 34 црно-бели фотографии и воедно ќе биде промовирана неговата фото-книга со истоимен наслов како изложбата. Книгата е во издание на издавачката куќа ИЛИ ИЛИ.

Изложбата ќе ја отворат заменик-амбасадорот на Република Чешка Љубомир Пшенка и издавачот Игор Анѓелков.

Деков учествувал на повеќе групни изложби, а „Прага интима“ е негова втора самостојна изложба. Негови фотографии објавувале повеќе специјализирани списанија и медиуми за култура и уметност во земјава и странство. Добитник е на наградата за најдобро видео и фото репортажа од страна на ТВ Телма и емисијата Топ Тема за 2019 година.

 

Изложбата ќе биде отворена до 17.02.2020 година.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Филмот „Врба“ на Манчевски в недела ќе се прикажува на МТВ

    Филмот „Врба“ на Манчевски в недела ќе се прикажува на МТВ

    Светската ТВ-премиера на најновиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде на 29 март (недела) во 22 часот на јавниот сервис МТВ1. Со прикажувањето…

  • Боно напиша песна за Италијанците коишто се во карантин(видео)

    Боно напиша песна за Италијанците коишто се во карантин(видео)

    Лидерот на групата „Ју ту“, Боно, ја објави својата прва песна од 2017 година, инспирирана и посветена на Италијанците коишто се во каратин поради пандемијата…

  • Бесплатно прикажување на претстави на МНТ на „Youtube“

    Бесплатно прикажување на претстави на МНТ на „Youtube“

    Македонскиот народен театар најави бесплатно прикажуање на претстави на нивниот „Јутуб“ канал, секој ден од утре со почеток во 20 часот. Утре, 18 март, ќе…

  • Македонската култура дел од изложба на руски уметник

    Македонската култура дел од изложба на руски уметник

    Во Москва вчера беше отворена изложба на слики од рускиот уметник Александар Белугин кој првите слики од оваа едиција ги создаде во земјава во 2010…

  • Светската ѕвезда Андре Риу повторно во Скопје

    Светската ѕвезда Андре Риу повторно во Скопје

    Андре Риу, холандскиот крал на валцерот и човекот кој овозможи класичната музика да е достапна за сите, заедно со својот оркестар „Јохан Штраус“, на 27…

  • Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

    Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

    Во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“ влегоа пет романи: „Молчи со отворена уста“ од Снежана Младеновска Анѓелков („Или-Или“), „Пагански времиња“ од Драги…

  • Мона Лиза е повторно сама, стравот од вирусот го затвори Лувр

    Мона Лиза е повторно сама, стравот од вирусот го затвори Лувр

    Лувр, најспосетениот музеј во светот и дом на ремек-делата на Леонардо да Винчи, не отвори во средата наутро бидејќи вработените се плашат од коронавирусот, објавија…

  • Принцот Хари и Бон Џови по стапките на легендарните “Битлси“

    Принцот Хари и Бон Џови по стапките на легендарните “Битлси“

    Британскиот принц Хари и рок-пејачот Џон Бон Џови во петокот направија римејк на еден од најпознатите омоти на албуми на „Битлси“ поминувајќи на пешачкиот премин…

  • Десет романи во конкуренција за роман на годината за 2019 година

    Десет романи во конкуренција за роман на годината за 2019 година

    Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во втората селекција…

  • Што ново подготвуваат режисерите на „Медена земја“?

    Што ново подготвуваат режисерите на „Медена земја“?

    Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за неколку нови проекти, пишува ексклузивно…