Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,931.87 0.24%    BESK 5,700.00 0%    GRNT 940.00 -1.25%    KMB 5,997.97 -0.02%    MPT 66,000.00 1.54%    RZIN 46.00 -48.89%    SBT 2,600.33 0.01%    TNB 16,500.00 0.92%    TTK 1,282.00 0%    ZPOG 1,800.00 0%    

Македонскиот студент Виктор Ивановски ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Време: 11:11

Датум: февруари 4, 2020

Категорија: КУЛТУРА

Виктор Ивановски, студент по анимација на „Sheridan College“, Канада е дел од екипата што работеше на анимираниот филм „The Fox and The Pigeon“ кој годинава ја освои престижната „ANNIE“ награда за најдобар студентски анимиран филм, на 47.то издание на манифестацијата „Annie awards“ во Лос Анџелес.

Македонскиот студент Виктор, заедно со уште десет студенти ( Michelle Chua, Aileen Dewhurst, Sharon Gabriella, Sang Lee, Tyler Pacana, Kevin Sung, Morgan Thompson, Chelsea van Tol, Matt Waton and Steven Wang) од „Sheridan College“ работеа на реализација на филмот, при што Виктор е ко-режисер, а воедно е композитор и интерпретатор на музиката за филмот.

Анимираниот филм „The Fox and The Pigeon“ беше во трката за најдобар студентски филм во конкуренција од импозантен број анимирани филмови од целиот свет. „The Fox and The Pigeon“ доби позитивни стручни критики од светските експерти за анимација, а за неговата вредност зборува и фактот што покрај тоа што беше прикажан и наградуван на повеќе интернационални фестивали, филмот доби и специјална награда на реномираниот Интернационален фестивал за анимација во Отава, Канада.

Виктор Ивановски е студент на четврта година на „Sheridan College“ во Канада кој важи за еден од најпрестижните факултети во светот на полето на анимација. Тој е и првиот македонец што освоил ваква престижна награда за анимација. Како дипломец оваа година работи на неговиот завршен дипломски филм „ANNIE AWARD“ – Најпрестижна награда за анимација.

„ANNIE“ е најпрестижната награда за анимација која се доделува еднаш годишно од 1972 година. Ја доделува ASIFA-Hollywood, подружница на Меѓународнaта асоцијација на анимирани филмови во Лос Анџелес.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Објавен нов број на списанието „Македоника“

    Објавен нов број на списанието „Македоника“

    Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, меѓу другото, се објавени петнаесетина текстови…

  • Реализиран музичкиот проект  „Скопје во три бои“ – со порака за продолжување на соживотот

    Реализиран музичкиот проект „Скопје во три бои“ – со порака за продолжување на соживотот

    Сплет од музички изведби на макеодонска, ромска и турска музика, ја  потврди сплотеноста на народите кои живеат на исто парче земја, како еден завет да…

  • Роби Вилијамс и ќерката се плашат од дух во нивниот дом

    Роби Вилијамс и ќерката се плашат од дух во нивниот дом

    Пејачот Роби Вилијамс и неговата седумгодишна ќерка Теди се исплашени од дух во нивниот дом во Велика Британија. Пејачот, кој претходно тврдеше дека зборувал со…

  • Почина музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе

    Почина музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе

    Светот жали по веста за смртта на музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе кој почина во 91. година од животот. Во својата кариера тој има напишано музика…

  • Двејн Џонсон – “The Rock” е најскапо платениот „инфлуенсер“ на Инстаграм

    Двејн Џонсон – “The Rock” е најскапо платениот „инфлуенсер“ на Инстаграм

    Холивудската ѕвезда Двејн Џонсон – “The Rock” е најскапо платениот Инстаграм „инфлуенсер“, според податоците на британската компанија за маркетинг на социјалните мрежи – “Хопер ејч-кју”.…

  • Почнува „Скопско лето“ со ограничен број посетители и со мерки за заштита

    Почнува „Скопско лето“ со ограничен број посетители и со мерки за заштита

    Со концертот „Скопје во три бои“ вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе биде отоврен 41-от фестивал „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21…

  • Дизни на врвот на американскиот боксофис

    Дизни на врвот на американскиот боксофис

    Дизниевите „Зоотопија“ и „Одмаздници“ се искачија на врвот на американскиот боксофис четири и шест години по премиерното прикажување. Додека новите холивудски филмови се ставени во…

  • Што се случува? Навистина е тешко да се гледа: Секоја нова фотографија од нашиот омилен Чендлер е се позагрижувачка

    Што се случува? Навистина е тешко да се гледа: Секоја нова фотографија од нашиот омилен Чендлер е се позагрижувачка

    Метју Пери е виден како се потпира на зграда и се обидува да земе воздух, а неговата асистентка му помогнала да влезе во автомобилот. Штом…

  • Програма на Националната галерија за 2020 година

    Програма на Националната галерија за 2020 година

    Почетокот на 2020 година работата на Националната галерија, како и кај сите светски музеи и галерии, се базираше на интерактивни содржини на електронските медиуми и…

  • Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

    Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

    Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за…