Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,950.00 -0.46%    GRNT 975.00 0%    KMB 5,849.74 -0.11%    STB 1,057.78 0.62%    TNB 16,700.00 2.45%    

Неделен хороскоп 03.02.2020 до 09.02.2020

Време: 09:04

Датум: февруари 3, 2020

Категорија: НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Ризична недела со мали проблеми. Вашиот партнер ќе започне да се инаети и да ви создава проблеми. Бидете внимателни, бидејќи никогаш не знаете што може да ја донесе љубомората на партнерот.

РАБОТА: Бидете подготвени на голем деловен предизвик, можно е да имате силна конкуренција и да не сте подготвени никому да ја препуштите лидерската позиција во нешто што вам ви е многу важно. Внимавајте да не си создадете проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Мала главоболка.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Во љубовта со партнерот ќе влегувате во вербални расправии, а сето тоа е поради лошата материјална ситуација. Ќе го обвинувате дека троши без контрола. Ќе добиете извинување, но вие самите размислете дали е тоа искрено.

РАБОТА: Бидејќи не можете да решите некој деловен проблем, можеби ќе мислите дека сте на некаков вид пресвртница, но би требало одлуките да не ги донесувате брзоплето. Можно е да сте многу повеќе посесивни, отколку што имате желба да покажете.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со мускулите, во вид на грчеви.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Во љубовта ќе се најдете во некоја дилема. Бидете внимателни и избегнувајте вербални дуели кои не водат во ништо. Немојте вербално да го навредите партнерот, можно е да го промени мислењето за вас.

РАБОТА: Се наоѓате во период кога од вас ќе се бара прилагодување на околностите. Ќе размислувате и за некоја промена. На работното место влеговте во мирен период. Ќе се најдете во ситуација да им помагате на помалку успешните соработници.

ЗДРАВЈЕ: Прекумерното внесување храна лошо се одразува на вашиот организам.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Во љубовта сте во хармонични односи со вашиот партнер. Бидејќи ќе ве изненади пријатно, ќе бидете задоволни. Сепак, потребно е да ја совладате хипохондричната црта на вашиот карактер.

РАБОТА: На работното место ви се советува да се чувате од провокации и импулсивност. Во спротивно проблемите се неизбежни. Тешко ви е да се помирите со реалноста, која ниту малку не ги исполнува вашите очекувања. Ако сакате да постигнете работен успех, жртвувањето е неминовно.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со црниот дроб и панкреасот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Не им обрнувајте внимание на ситните грешки кои неодамна ги направил партнерот. Обидете се да му простите на вашиот партнер и се ќе биде одлично. Потребно е малку повеќе да му верувате.

РАБОТА: Конечно поволен период. На работното место ќе добиете унапредување, кое доцни веќе подолг период. Ако се земе во предвид дека убавите работи пристигнуваат во вистинско време, славенички сте расположени.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Планетите ве поттикнуваат на забава и уживање, па затоа не чекајте, препуштете му се на ритамот. Не само што ќе уживате во љубовта, туку и ќе ја зацврстите врската. Оние кои се сами оваа недела нема да го најдат својот идеален партнер, ќе имаат само мини авантури.

РАБОТА: Ќе имате многу обврски од кои ќе добиете главоболка. Кариерата и професионалната ситуација во моментот е во рацете на други луѓе. Внимавајте на финансиската состојба, нешто погрешно пресметувате.

ЗДРАВЈЕ: Доста добро.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Инспиративна и среќна недела. Ќе имате силно влијание на односите со парнерот и семејството. Бидете смирени и прифатете ги критиките кои можеби ќе ве повредат, но сепак ви се дадени за да ви помогнат.

РАБОТА: Безброј обврски ви останале незавршени, па така ќе биде потребно да се ангажирате повеќе од вообичаено. Единствен начин е да започнете од почеток и по ред да ги расчистувате задачите.

ЗДРАВЈЕ: Повеќе сон, помалку килограми, повеќе здравје.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Сонцето со неговото силно влијание врз вас ги прави вашите љубовни односи лесни и пријатни, уживајте во љубовта со партнерот, а доколку сте сами оваа недела ви претстои интересна средба.

РАБОТА: Ќе се нервирате бидејќи колегите нема да си ги завршуваат обврските па тие ќе останат за вас. Не дигајте голема паника, ова е минлив период кој релативно кратко ќе трае.

ЗДРАВЈЕ: Започнете да вежбате, проблемите значително ќе ви се намалат.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Колебањето кое го чувствате во себе ќе излезе на виделина, па така бидете подготвени на можни несогласувања со партнерот. Брзо ќе видите дали сте направиле добар избор или е вистинско време да ги поправите грешките.

РАБОТА: Помошта за проблемите ќе дојде од страна од која дефинитивно не очекувате, од вашето минато. Некои услуги веќе сте ги заборавиле, но на ваша среќа другите не ги заборавиле, па ќе бидат одлично расположени да ви се раздолжат.

ЗДРАВЈЕ: Исцрпени сте, внимавајте на исхраната.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Не би требало да влегувате во расправии со партнерот околу некои негови лични проблеми кои се однесуваат на неговото семејство или на неговите работни планови. Можно е да си создадете големи проблеми.

РАБОТА: Со еден збор ќе бидете раздразливи. Што и да се случува, лесно можете да го надминете овој проблем, ако успеете да останете со ладна глава. Избегнувајте непромислени реакции. Размислувајте пред да зборувате.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Во љубовта само фантазирате. Стварноста не ветува ништо па затоа им се препуштивте на нереалните работи. Оние кои се во врска, исто така ќе имаат нереални желби и очекувања.

РАБОТА: Вие се уште сте во центарот на вниманието и обземени сте од различни случувања. Вам никогаш не ви недостасува оптимизам и ентузијазам. во секоја ситуација можете да го извлечете најдоброто и да се чувствувате задоволни од себе.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со очите.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Партнерот нема да биде заинтересиран за вашите предлози. Нешто ќе биде сомнително во неговите искази, а вие многу добро ќе го забележите тоа. Држете ги очите отворени и проверувајте го секој негов исказ.

РАБОТА: За жал, ќе слушнете многу непријатни работи за вас. Обидете да извлечете поука од ова. На работното место ќе бидете затрупани од задачи, кои нема да може да ги префрлете на некој ваш колега. Нептун ве советува да издржете пред искушението да купите некоја убава, но непотребна работа.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Неделен хороскоп 01.06.2020 до 07.06.2020

    Неделен хороскоп 01.06.2020 до 07.06.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Доколку сте склопиле договор со некој, дури и усмен, треба да го почитувате. Така ќе ги зачувате добрите деловни…

  • Неделен хороскоп 25.05.2020 до 31.05.2020

    Неделен хороскоп 25.05.2020 до 31.05.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Не сте задоволни со случувањата на работа. Можно е да имате ситни трошоци и тоа да ве излуди. Без…

  • Неделен хороскоп 18.05.2020 до 24.05.2020

    Неделен хороскоп 18.05.2020 до 24.05.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Цела недела постојано ќе се грижите поради финансиските ограничувања кои се појавиле. Олабавете малку. ЉУБОВ: На ова поле ве очекува…

  • Неделен хороскоп 11.05.2020 до 17.05.2020

    Неделен хороскоп 11.05.2020 до 17.05.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Можете да очекувате подобрување на деловен план, како и помош од некој член од семејството. ЉУБОВ: Кога станува збор за…

  • Неделен хороскоп 04.05.2020 до 10.05.2020

    Неделен хороскоп 04.05.2020 до 10.05.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Можни се кавги и расправии со деловните партнери. Сметате дека тие не ги исполнуваат вашите очекувања. ЉУБОВ: Саканото лице ви…

  • Неделен хороскоп 27.04.2020 до 02.05.2020

    Неделен хороскоп 27.04.2020 до 02.05.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Можете да очекувате важни деловни случувања, како и почеток на ново, позитивно партнерство. ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, слободно…

  • Неделен хороскоп 20.04.2020 до 26.04.2020

    Неделен хороскоп 20.04.2020 до 26.04.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Вие ќе имате доста енергија, па ако се занимавате со приватна работа можете да бидете многу ефикасни. ЉУБОВ: Кога станува…

  • Неделен хороскоп 13.04.2020 до 19.04.2020

    Неделен хороскоп 13.04.2020 до 19.04.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Амбициозни сте и сакате да се докажете но ќе имате мали недоразбирања со надредените. ЉУБОВ: Слободните може да очекуваат многу…

  • Неделен хороскоп 06.04.2020 до 12.04.2020

    Неделен хороскоп 06.04.2020 до 12.04.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Вашите финансиски проблеми ќе ги направите приоритетни и максимално ќе им се посветите. Ништо друго нема да ве интересира.…

  • Неделен хороскоп 30.03.2020 до 04.04.2020

    Неделен хороскоп 30.03.2020 до 04.04.2020

      Овен (21.03 – 20.04)   РАБОТА: Одлична енергија оваа недела, и покрај моменталните случувања. ЉУБОВ: Незадоволство во врската, можна е и разделба. ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со зглобовите.…