26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКалјехон премина во Наполи

Калјехон премина во Наполи

kaljehon

Шпанскиот фудбалер и довчерашен член на мадридски Реал, Хозе Мариа Калјехон кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот вицешампион Наполи.

Калјехон со клубот од Неапол потпиша повеќегодишен договор, а цената на трансферот изнесува 10 милиони евра.

Тој во претходните две години во дресот на Реал одигра 76 средби и постигна 20 голови, а со кралскиот клуб освои по една титула во Примера, Кралскиот Куп и националниот СуперКуп.

Покрај Реал од каде што потекнуваше, Калјехон во својата кариера играше и за Еспањол.

За младинскиот државен тим на Шпанија забележа осум настапи и постигна еден гол.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП