20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов патент на Apple: iMac дизајн за идните генерации

Нов патент на Apple: iMac дизајн за идните генерации

 

Apple поднесе барање за нов патент, а се работи за амбициозен дизајн кој ги интегрира тастатурата и екранот во заоблена стаклена површина.

Барањето е поднесено во мај 2019 година, се работи за уред кој личи на iMac, и кој ја интегрира тастатурата во една површина. Се претпоставува дека единиците на процесорот ќе бидат лоцирани на задниот дел од уредот. Експертите посочуваат дека стаклената површина е поголема од било која што можеше да се забележи кај претходните патенти на Apple, а интересен е начинот на кој се интегрираат сите делови, иако во описот се наведува дека тастатурата ќе може да се одвои за време на употребата. Покрај тоа, стаклената површина ќе може да се свитка на средина, така што уредот може лесно да се отстрани кога не е во употреба.

Новиот уред е наречен Electronic Device with Glass Housing Member, а бидејќи станува збор за радикален дизајн, многумина се сомневаат дека некогаш ќе биде на пазарот. iMac, од друга страна, не го промени значително дизајнот во текот на изминатата деценија, па не е изненадување што дизајнерите сакаат да го освежат. Останува да се види кога ќе бидат донесени новите измени и ќе се појават на некои нови уреди за идните генерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП