24 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 20.01.2020 до 26.01.2020

Неделен хороскоп 20.01.2020 до 26.01.2020

 

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Не сте задоволни со ситуацијата на работа, но нема да знаете како да ја промените.

ЉУБОВ: Ова недела ќе ја обележат различни познанства. Ве очекува многу забава и флерт.

ЗДРАВЈЕ: Одморајте повеќе.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Оваа недела ќе имате помалку обврски од вообичаено. Искористете го тоа за одмор.

ЉУБОВ: Ќе ви се допадне некоја оригинална и креативна личност. Искористете ја оваа недела за да ја освоите.

ЗДРАВЈЕ: Напнатост и грчеви во мускулите.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Неповолна недела за работа, доколку имате слободни денови искористете ги, со цел да избегнете неколку непријатности и кавги.

ЉУБОВ: Ви се допаѓа некоја личност од работното опкружување. Добро размислете пред да направите некој чекор.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со коските и несоница.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Избегнувајте судири на работа, бидејќи тоа нема да ви донесе ништо добро.

ЉУБОВ: Можна е романса со личност која живее подалеку, не се заморувајте доколку сметате дека не вреди.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со црниот дроб.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Одличен период за работа. Ќе имате многу деловни прилики. Искористете ги паметно.

ЉУБОВ: Слободните ги очекува авантура, оние во долга врска или брак ги очекуваат проблеми во комуникацијата.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Пред вас оваа недела ќе бидат бројни деловни предизвици. Бидете подготвени буквално на се.

ЉУБОВ: Ќе бидете маѓепсани од некоја личност. Дајте се од себе да и го привлечете вниманието на таа личност.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со вените, капиларите.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Почетокот на недела ќе помине мирно, но ве очекуваат многу обврски, особено кон крајот на неделата.

ЉУБОВ: Слободните ќе ги очекува средба со една личност организирана од пријателите.

ЗДРАВЈЕ: Без поголеми проблеми, не претерувајте со алкохолот.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Загрижени сте поради парите. Имате впечаток дека имате малку а потребни ви се многу повеќе. Без грижи, пресметајте повторно.

ЉУБОВ: Ви се допаѓа некое лице во знакот на Вага. Доколку сте слободни обидете се да му пријдете.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот во вид на вкочанетост.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Неповолна недела за започнување на бизнис или воопшто за инвестирање во нешто. Почекајте малку поповолен период.

ЉУБОВ: Зафатените Стрелци ќе доживеат заладување на односот со партнерот, но не е нешто што не може да се реши.

ЗДРАВЈЕ: Можна е вирусна инфекција.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Ќе имате премногу идеи кои ќе сакате да ги спроведете во дела. Што чекате?

ЉУБОВ: На полето на љубовта ве очекуваат големи промени, од врска во брак, од самотија во врска и уште неколку нешта.

ЗДРАВЈЕ: Лош имунолошки систем.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Не сте доволно сконцентрирани на работата, па можно е да направите грешки.

ЉУБОВ: Ви претстои нова љубовна шанса и тоа со личност родена во некој воден знак.

ЗДРАВЈЕ: Зголемен апетит, внимавајте што внесувате.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Во текот на оваа недела ќе имате повеќе обврски отколку вообичаено. Побарајте помош од колегите.

ЉУБОВ: Одлична недела за љубов, особено ако сте во брак или врска со некој Рак.

ЗДРАВЈЕ: Вртоглавица и главоболка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП