26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛани рекордна посетеност во „Театар комедија“

Лани рекордна посетеност во „Театар комедија“

Со 46.609 посетители и 179 изведби, 2019 година е рекордна за „Театар комедија“.

При целосното разгледување на извештаите за посетеност, НУ „Театар комедија“ утврди дека во 2019 година на својата сцена има реализирано пет премиери, од кои четири на големата сцена, а една на мала сцена.

Секторот аналитика при својата работа утврди и дека во 2019 на сцената на „Театар комедија“ се одиграни вкупно 179 престави, а бројот на посетители за 2019 изнесува 46.609. Меѓу другото се изврши и споредба на бројот на изведби и посетители заклучно за периодот 2017-2019, при што се утврди пораст на бројот на изведби од 62,7 проценти и пораст на посетеноста за 60 проценти.

Со овие бројки кои ги утврди комисијата за аналитика при Одделението за маркетинг и продукција во институцијата, може слободно да се потврди дека НУ „Театар комедија“ бележи огромен раст во својата работа и целосно го заслужува епитетот најпосетуван театар во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП