20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАNetflix со дури 24 номинации за Оскар

Netflix со дури 24 номинации за Оскар

Пред неколку дена се објавени традиционалните номинации за престижната филмска награда од американската Академија за филмска уметност и наука, Оскар.

Оваа година најголем добитник кога станува збор за номинации е видео стриминг услугата Netflix, со дури 24 номинации за златни статуи. Ова е најголем број номинации на Netflix откако постои, а оваа година таа компанија ги надмина сите други традиционални холивудски филмски студија по број на номинации.

Од првото појавување на трката за Оскар во 2014 година, бројот на номинациите за Netflix само се зголемува. Од една во првите две години, преку 2, 3 и 8, минатата година Netflix забележа 15 номинации. Оваа година филмот The Irishman на Мартин Скорсезе, кој е снимен само за оваа стриминг услуга, номиниран е во дури десет, а Marriage Story на Ноах Баумбач во шест категории.

Но, бројот на номинациите не мора да значи дека членовите на Академијата ќе доделат голем број на награди на Netflix. Минатата недела, на доделувањето на Златни глобуси, Netflix беше номиниран во дури 34 категории, но неговите соработници однесоа дома само две награди.

Меѓутоа, растечкото влијание на стриминг услугите во светот на филмот не е изненадувачко ако знаеме дека Netflix само минатата година во производство на оригинална содржина инвестираше 15 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП