АВТОБИЗ

Volkswagen во февруари ќе претстави нови кросовери

Германски Volkswagen следниот месец ќе претстави четири нови кросовер модели.

Но, во Индија.

На саемот Auto Expo од 7-12 февруари, VW ќе ги претстави моделите A0, T-Roc, Tiguan AllSpace и ID Crozz EVs.

Најмалку ни е познат моделот А0 кој се натпреварува во класата со јужнокорејските адути Hyundai Creta и Kia Seltos.

Моделот е заснован на MBA0 IN платформата, која му овозможува меѓуоскино растојание од 2.651 милиметри.

Би требало да се напојува со 1,5-литарски TSI турбо-бензинец со 130 коњски сили, додека мали шанси се даваат на дизел верзијата.