6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГодишно во себе внесуваме 250 грама пластика

Годишно во себе внесуваме 250 грама пластика

Освен во океаните, микропластиката е и во нашите тела. Ја внесуваме преку водата која ја пиеме, но и преку намирниците кои секојдневно ги јадеме.

Научниците дошле до шокантни откритија за количината на пластика која ја внесуваме во себе. На пример, секоја недела внесуваме 2.000 мали парчиња пластика. Тоа е околу пет грама, колку што е тежок приклучокот на пластично шише. Експертите велат дека најмногу конзумираме од школки, сол и пиво. Месечно во себе внесуваме 21 грама пластика.

Откритието сериозно ги вознемири научниците.

„Сè што знаеме во моментов е дека внесуваме премногу пластика и дека таа е токсична за нашето тело. Тоа е доволна причина за загриженост“, изјави д-р Тава Паланисами, од австралискиот Универзитетот Њукасл, кој работеше на споменатата студија.

Годишно во себе внесуваме 250 грама пластика, а тоа е еднакво на полн сад со житни култури, објави Daily Mail.

Пластиката не се разградува, таа само се распаѓа на помали парчиња, па завршува и во ланецот на исхрана.

Ако просечниот животен век изнесува 79 години, за тој период човекот внесува 20 килограми пластика во телото, што е доволно пластика за две полни канти за ѓубре.

Генералниот директор на Светската организација за зачувување на природата, Марко Ламбертини, изјави дека наодите би требало да послужат како повик за будење на владите.

„Не само што пластиката ги загадува нашите океани и водните патишта и го убива морскиот живот, таа постои во сите нас и не можеме да избегнеме да консумираме пластика“, изјави Ламбертини, и додаде дека глобалното дејствување е итно и неопходно за борба против оваа криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП