5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАDrim Short 2019 ќе биде отворен со изложба на Ханис Багашов

Drim Short 2019 ќе биде отворен со изложба на Ханис Багашов

Годинава отворањето на  Интернационалниот фестивал за краток филм „Drim Short“ ќе биде означено со изложба на фотографии на Ханис Багашов, насловена ,,Деца’. Изложбата ќе биде поставена во холот на Домот на културата „Браќа Миладиновци“, а отварањето е овој петок, во 18:00 часот.

Децата се главен субјект во повеќето фотографии на Ханис Багашов. Тие се непристрасни, брутално искрени со своите емоции, горди – но, без суета. Децата кои живеат во проблематични општества се особен приказ на човечкото достоинство – способни за адаптација, издржливост и прошка. Момче со вреќа шеќерна волна на грбот; улична тепачка; девојче со златници во Курдистан, итн.

Фотографиите се снимени во Ирак, Анадолија и Тетово.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП