5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat размислува за зголемување на уделот во Chrysler

Fiat размислува за зголемување на уделот во Chrysler

fiat2

Италијанскиот производител на автомобили „Fiat“ соопшти дека размислува за купување на дополнителни 3,3 проценти од акциите на американскиот „Chrysler“.

Се проценува дека цената на тие акции ќе изнесува 254,7 милиони долари (198 милиони евра), но „Fiat“ соопшти дека сепак ќе чека на одлуката која ќе ја донесе американскиот суд во врска со цената, пренесува Франс Прес.

„Fiat“ во моментов поседува 58,5 проценти од акциите на „Chrysler“, а новите акции би ги купил од американскиот синдикат на работниците во автомобилската индустрија „UAW“, која е сопственик на 41,5 проценти од акциите на „Chrysler“.

„Fiat“ минатата недела се најде пред судот на американската држава Делавер, каде помеѓу „UAW“ и „Fiat“ постои спор за цената на 3,3 проценти од акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП