10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃаволите и официјално ќе летаат со Аерофлот

Ѓаволите и официјално ќе летаат со Аерофлот

aeroflot

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед објавија денес дека потпишале петгодишен договор со руската авиокомпанија „Аерофлот“, со што таа станува официјален превозник на клубот.

Од раководството на фудбалскиот клуб објаснуваат дека одлуката за ваквиот чекор е поради растечкиот пазар и поддржувачите на „ѓаволите“ во Русија, каде што само бројот на симпатизери на клубот изнесува над 18 милиони лица.

Договорот беше потпишан денеска на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер меѓу извршниот директор на „Аерофлот“, Виталиј Савелиев и директорот на клубот, Ричард Арнолд во присуство на тренерот Дејвид Мојс и играчи од клубот.

Параметрите на договорот не се објавени јавно, но во соопштението на „Аерофлот“ се наведува дека авиокомпанијата ќе обезбедува стратешки совети за патувањата на клубот и неговите претставници.

Инаку за потсетување досегашен авиопревозник на Манчестер Јунајтед беше Туркиш ерлајнс чии три ипол годишниот договор истече на крајот од сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП