Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,096.21 0.01%    GRNT 1,234.43 0.05%    KMB 7,400.11 -0.02%    MPT 78,121.84 -0.92%    OHB 5,200.00 0%    RZTK 690.00 -1.43%    STB 1,210.00 -0.02%    STBP 657.00 0.15%    TEL 321.00 -1.03%    TNB 17,800.00 -0.14%    TTK 1,656.29 -2.57%    USJE 24,215.00 0%    

TRASH FOR ART 2019: Пакомак го отвори конкурсот „Создавај уметност, а не ѓубре“

Време: 15:44

Датум: декември 10, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Уметноста може да се создаде било каде, било како и од било што, доколку оставите креативноста да ги направи првите чекори. Пакомак ве повикува да го направите токму тоа: преку мотото „Создавај уметност, а не ѓубре“, компанијата за справување со амбалажен отпад го отвора конкурсот „Trash for Art 2019“, на кој најдобрите уметнички дела создадени од отпад ќе бидат наградени со паричен надомест.

Наградниот конкурс е отворен сите – возрасни и деца, а приложените дела ќе се натпреваруваат во три категории: 1) градинки, 2) основни училишта, 3) поединци и други организации. За секоја од категориите предвидени се по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и за трето место (10.000 денари).

За да учествуваат во конкурсот, пријавените дела е потребно да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад од ист или од различен тип на амбалажа, а да не бидат повисоки од 150 см. Под амбалажен отпад се подразбираат: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, ќеси од чипс, обвивки и слично. Еден учесник може да пријави и повеќе од едно дело, но не може да освои повеќе од една награда.

Учеството на конкурсот се пријавува на денот на поднесување на делото и не е потребна претходна апликација за апликантот да влезе во изборот. Меѓутоа, од Пакомак повикуваат на почитување на роковите за пријавување. Делата треба да бидат доставени на 14 и 15 декември, од 12 до 19 часот, како и на 16 декември, од 12 до 14 часот во Кинотека на Северна Македонија.

Наградените дела ќе бидат објавени на веб-страницата на Пакомак на 16 декември и истите ќе останат во сопственост на компанијата. Недобитните дела ќе може да се подигнат на 17  и 18 декември, од 14 до 19 часот.

„Сакаме да ги поттикнеме учесниците дека со волја, вештина и сосема малку или без воопшто вложени финансиски средства може да креираат нешто конкретно, функционално и убаво, а притоа да освојат вредни награди и да го добијат статусот на еколошки-ангажиран уметник“, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Пакомак очекува голем број на пријавени дела, но истовремено се надева дека со организирањето на овој конкурс ќе успее да го подигне нивото на свест околу рециклирањето и подоброто управување со амбалажен отпад.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Милиони возачи бараат оштета од Volkswagen

    Милиони возачи бараат оштета од Volkswagen

    Холандската фондација Diesel Emissions Justice вчера започна со колективна акција против германската компанија Volkswagen како дел од европската кампања. Целта на кампањата е да се добие…

  • Се создава една од најголемите авиокомпании во Европа: LOT го купува германски Condor

    Се создава една од најголемите авиокомпании во Европа: LOT го купува германски Condor

    Полскиот авиопревозник LOT ќе ја купи германската авиокомпанија Condor, објавија двете компании, најавувајќи создавање на водечка авиокомпанија во Европа која годишно ќе превезува повеќе од…

  • Уште еден автомобилски гигант под истрага

    Уште еден автомобилски гигант под истрага

    Корпорацијата Suzuki објави дека ќе соработува со холандските власти, во врска со сознанијата дека нивните дизел возила ги прекршиле регулативите за емисија на гасови во земјата.…

  • Отворен нов продажно-сервисен HYUNDAI центар

    Отворен нов продажно-сервисен HYUNDAI центар

    Ми-Да Гранд Моторс е новиот единствен овластен импортер на возила и резервни делови на Hyundai Motor Company за Македонија. Со денешното отворање на новиот продажно-сервисен…

  • Апликациите на Facebook им донеле 208 милијарди евра на компаниите во ЕУ

    Апликациите на Facebook им донеле 208 милијарди евра на компаниите во ЕУ

    Апликациите со кои управува Facebook им помогнале на компаниите од Европската унија да испорачаат стоки во вредност од 208 милијарди евра во 2019 година, односно…

  • Двоен златен медал за новото премиум вино на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина

    Двоен златен медал за новото премиум вино на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина

    Новото црвено премиум вино „Terrasse a L’Ombre 2018“, кое е дел од „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освои двоен златен медал на првиот голем меѓународен вински…

  • Solveo – македонски иновативен стартап кој на компаниите им овозможува директно поврзување со младите

    Solveo – македонски иновативен стартап кој на компаниите им овозможува директно поврзување со младите

    Со иновација и уникатна стратегија, Солвео на компаниите во Македонија им овозможува полесно да се поврзат со младите умови и да добијат нови и свежи…

  • Новата продавница на ИКЕА во Виена има еколошки покрив и нема паркинг

    Новата продавница на ИКЕА во Виена има еколошки покрив и нема паркинг

    Новата продавница на ИКЕА сместена на виенската станица Вестбанхоф се разликува од другите нејзини продавници. Таа не само што има еколошка фасада и покрив, туку…

  • Пивара Скопје доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

    Пивара Скопје доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

    Министерството за животна средина и просторно планирање ѝ додели на Пивара Скопје нова А-интегрирана еколошка дозвола со важност во наредните седум години. Со овој документ…

  • Алкалоид со потврдени за ЕУ сертификати за добра производна пракса

    Алкалоид со потврдени за ЕУ сертификати за добра производна пракса

    Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Словенија по извршената инспекција во погоните за производство на лекови на Алкалоид АД Скопје, ги потврди сертификатите…