Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

Љутков: Дивеењето на шверцерите во МНТ го понижува трудот на актерите

Време: 14:47

Датум: ноември 25, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Целата македонска јавност е згрозена од синоќешниот вандализам и поганење на македонскиот народен театар. Болно е за Заев и неговите соработници тоа што со секој изминат ден се повеќе се гледа нивната неспособност нешто да изградат, но недозволиво е заради тоа да сквернават се што некој друг пред нив изградил, обвини актерот Зоран Љутков.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вандализмот и хулиганството од страна на група граѓани во МНТ. Снимката која излезе во јавноста, а од која се гледа како се оштетува имотот на МНТ е срамна и доказ дека со оваа власт е пробиено дното. МНТ е институција за одржување на театарски претстави и културни собири, а не сцена за дивеење на навивачки групи.

Директорот на МНТ мора да одговори како можел да дозволи изнајмување на театарот на навивачка група, и по кој основ е издаден театарот, колку е платено за неговото издавање и руинирање, и дали воопшто е платено? Како може да се издава театарот само со јавување на телефон, па нели има правилник и процедура за тоа, и на крај кој ќе сноси одговорност и кој ќе ја плати штетата? И зошто никој од обезбедувањето не реагира кога поединци почнаа да дивеат и да се качуваат по седиштата. До каде оди лудилото на оваа власт!?

Одговорност мора да има и од заменик министерот за култура, министерот за култура, националниот координатор за култура, како и советниците за култура на Зоран Заев. Со овие луѓе на чело, културата одамна е пропадната.

На местото каде во петокот вечерта се дивееше големите имиња на македонскиот театар поминуваат часови, денови и месеци во проби и претстави. Творат и работат. Ова е потценување и понижување и на нивниот труд. МВР мора најбрзо да ги пронајде сторителите на вандалскиот чин и да ги казни согласно законот. Се друго ќе биде само потврда дека овој вандалски чин е свесно организиран. И за едно сте во право господине премиер, манифестацијата и не била баш културна“ порача Љутков.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Макартни вели дека тој и Ленон останале пријатели до крајот

    Макартни вели дека тој и Ленон останале пријатели до крајот

    Сер Џејмс Пол Макартни верува дека луѓето погрешно ја просудуваат неговата улога во распадот на „Битлси“. Тој е свесен дека многу фанови мислат членовите на…

  • Почина писателката Исидора Бјелица

    Почина писателката Исидора Бјелица

    Писателката и ТВ-водителка Исидора Бјелица почина денеска во Белград на 52 години, потврди издавачката куќа „Лагуна“. Бјелица е родена во Сараево на 10 декември 1967…

  • Отворено 60. јубилејно издание на „Охридско лето“

    Отворено 60. јубилејно издание на „Охридско лето“

    Со концерт насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“, посветен на нашата оперска примадона Ана Липша Тофовиќ, во изведба на солистите Марија Јелиќ…

  • Воведена нова категорија на „Ем-ти-ви“наградите – најдобро карантинско видео

    Воведена нова категорија на „Ем-ти-ви“наградите – најдобро карантинско видео

    Поп-sвездите Аријана Гранде и Лејди Гага водат на листата моќни девојки номинарани за наградата најдобро музичко видео (MTV Video Music Awards), а телевизискиот музички канал…

  • Опра Винфри со нова серија разговори на „Епл ТВ-плус“

    Опра Винфри со нова серија разговори на „Епл ТВ-плус“

    Опра Винфри се враќа на својот формат на ток-шоу со нова серија на „Епл ТВ плус“, чии што први епизоди ќе се фокусираат на расизмот…

  • Концерти на Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек во Хераклеа

    Концерти на Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек во Хераклеа

    Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек ќе настапат во август во Хераклеа, Битола. Зад концертите стои „Авалон продукција“, од каде велат дека се потрудиле…

  • Почна 50. Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“

    Почна 50. Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“

    Со изложба на фотографии „За живот на традицијата – 50 години ЦИОФФ“, синоќа во Битола почна 50. јубилјено издание на Републичкиот фестивал на народни игри…

  • Идрис Елба ќе добие специјална награда „Бафта“

    Идрис Елба ќе добие специјална награда „Бафта“

    Британскиот актер Идрис Елба на крајот на овој месец ќе добие едно од највисоките почести што ги доделува британската академија за филмска и телевизиска уметност…

  • Кралицата Елизабета одбележува 25.000 дена на престолот

    Кралицата Елизабета одбележува 25.000 дена на престолот

    Британската кралица Елизабета одбележува 25.000 дена како е на престолот, или 68 години, пет месеци и 12 дена од нејзиното крунисување на 6 февруари 1952…

  • Сцената од „Сплетки“ прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата(видео)

    Сцената од „Сплетки“ прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата(видео)

    Сцената во која Делбој Тротер во легендарната серија „Сплетки“ пропаѓа низ отворен шанк е прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата. Тоа е сцена…