16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСиндикатите го одобрија спојувањето на групацијата PSA со Fiat

Синдикатите го одобрија спојувањето на групацијата PSA со Fiat

Повеќето синдикати кои ги претставуваат работниците на PSA групацијата го поддржаа планираното спојување со Fiat вредно 50 милијарди евра, соопштија официјални претставници на француската компанија и делегати на синдикатот.

Синдикатите напоменуваат дека по потпишувањето на договорот за спојување, ќе побараат детални информации за плановите на комбинираната компанија.

PSA групацијата е гигант на француската автомобилска индустрија, во чиј состав работат Peugeot и Citroen.

Спојувањето со Fiat ќе им помогне на двете компании да ги почитуваат новите правила за штетните гасови и да ги олеснат инвестициите во електричните и автономните возила.

Исто така, тоа би им овозможило да го пребродат глобалниот пад на пазарот на автомобили.

Поддршката од влијателните европски синдикати ќе биде клучна за комбинираната компанија, која ќе вклучува повеќе од 400.000 работници и неколку стотици фабрики ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП