20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА“Господ постои, името и’ е Петрунија” ја освои наградата “Одисеј –...

“Господ постои, името и’ е Петрунија” ја освои наградата “Одисеј – за човекови права на советот на Европа”

Филмот “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја доби престижната Одисеј – наградата за Човекови права на Советот на Европа , Odyssée Conseil de l’Europe aux Droits de l’Homme од страна на Советот на Европа.

Жирито на настанот „Европски кино ѕвезди и платно“ составено од 10 амбасадори во Советот на Европа, заменик-генералниот секретар на Советот на Европа, директорот на кабинетот на генералниот секретар на Советот на Европа и извршниот директор на „Еуроимажс“, Роберто Ола, ја додели наградата на македонскиот филм “Господ постои, името и’ е Петрунија”, нарекувајќи го величенствен филм.

Еднаш годишно, а веќе по деветнаесети пат, Советот на Европа ја доделува оваа награда. Одисеј наградата се доделува за две категории и тоа за особена уметничка креација и за човекови права. Минатогодишниот добитник за уметничка креација е големиот турски режисер Нури Билге Чејлан за филмот “Дивата Круша” во кој Македонија беше копродуцент токму преку продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски, а оваа година оваа награда ја доби Павел Павликовски за неговиот филм Студена војна. На вчерашната свечена церемеонија во киното Одисеј во Стразбург и беше врачена наградата на режисерката Теона Стругар Митевска и беше организирана вечера со авторот и амбасадорите од Советот на Европа.

https://www.coe.int/en/web/eurimages/-/the-19th-edition-of-etoiles-et-toiles-du-cinema-europeen-d-6-

Месец ноември е неверојатно плоден месец за Петрунија со дваесетина фестивали низ целиот свет.

Теона Стругар Митевска на престижниот Торино Филмски Фестивал ќе биде специјален гостин по повод нејзината ретроспектива со сите нејзини филмови. На фестивалот во Торино Теона ќе биде и дел од жирито за главната награда. Петрунија во Торино ќе ја има италијанска премиера и подоцна ќе започне со прикажување во редовниот кино репертоар.

Петрунија успешно беше прикажан во Шпанија на Севиља Филмскиот Фестивал, а при крајот на годината трга во редовна кино дистрибуција во воаа земја. Ќе се прикажува и во Тајван на Таипеи Филмскиот фестивал Golden Horse; на Љубљанскиот Филмски Фестивал – LIFF; па на Загреб Филм Фестивал; па Арава Интернационалниот Филмски Фестивал во Израел; во Гренобл Филмскиот Фестивал посветен на Европскиот Филм; во Белрад Филмскиот Фестивал Слободна Зона; во Холандија дел е од програмата на Филмскиот Фестивал Источни Соседи; во Германија Женскиот Фестивал во Минхен и Туринген; во Индија Dharamshala International Film Festival; во Швајцарија Thusis Cinema days ФФ; во Обен, Франција Rencontres des cinémas d’Europe, Aubenas; во Литванија European Film Forum SCANORAMA; а ќе биде и дел од Филмскиот фестивал во Луксембург, како и во Египет на Каиро Интернационалниот Филмски Фестивал.

Како еден од трите финалисти за наградата од Европскиот парламент Lux наградата, во месец ноември Петрунија ќе биде прикажан во 46 кино сали во сите 28 Европски земји, и како дел од трите финалисти филмот беше преведен  на сите 24 јазици кои се зборуваат во Европа. Доделувањето на престижната награда од страна на Европскиот парламент ќе му биде доделена на победничкиот филм на 27 Ноември во Стразбург.

Во тек се промотивните предпремиери низ цела Германија каде на 16 ноември започнува дистрибуцијата на Петрунија во 50 киносали низ целата земја. Во ноември започнува кино прикажувањето исто така и во Романија и соседна Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП