25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали овој изум ќе биде најдобриот пријател за луѓето кои се обидуваат...

Дали овој изум ќе биде најдобриот пријател за луѓето кои се обидуваат да се ослободат од вишокот килограми?

Чип кој се вградува во рака ги предупредува лицата кога се сити и дека би требало да престанат да јадат. Тој постојано го проверува нивото на маснотии во крвта и ако сопственикот на чипот јаде премногу, ослободува хормон кој го намалува апетитот.

Мартин Фусенегер, професор по биоинженерство, кој го направил овој изум, вели дека чипот може да им помогне и на луѓето кои се борат со некои други заболувања. Прекумерната тежина е исто така болест затоа што го зголемува ризикот од дијабетес, проблеми со срцето, депресија, може да доведе до неплодност, но и развој на некои видови на карцином.

Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од половина од најразвиените градови во светот имаат прекумерна тежина, а секој трети меѓу нив е екстремно дебел. Ако во следните тестирања се покаже дека чипот е безбеден и дека дава добри резултати, неговата продажба би можела да започне за неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП