19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei Nova 6 5G во црвена боја

Huawei Nova 6 5G во црвена боја

Пред неколку дена се појави првиот рендер за претстојниот Huawei Nova 6 5G, а сега има уште еден, кој телефонот го покажува во црвена варијанта. Изразено е Nova логото и шарата на задниот дел.

Фотографијата открива дека телефонот од предната страна ќе има двоен ударен отвор за камерата, систем со четири камери на задниот дел и сензор за отпечатоци од десната страна, кој ќе служи и како копче за вклучување.

Huawei 6 ќе има и 5G варијанта, како што е потврдено од TENAA listing. Телефонот е, исто така сертифициран со поддршка за 40W брзо полнење.

Huawei својата Nova линија ја освежува двапати годишно, а како што претходната серија беше објавена во текот на јуни, претстојната сезона за празници би можела да биде периодот кога ќе пристигне Huawei Nova 6 5G.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП