18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе подобрија: Гигантот во автомобилската индустрија бележи подобри деловни резултати

Се подобрија: Гигантот во автомобилската индустрија бележи подобри деловни резултати

Компанијата BMW соопшти дека нето добивката пораснала за 11,5 проценти, односно 1,55 милијарди евра во третиот квартал, во однос на истиот период минатата година.

Ова најверојатно се должи на обновената линија на модели и тоа што немаше нарушувањa на пазарот на автомобили предизвикани од проблеми со дизел автомобилите, како што се случи минатата година, пренесува AP.

Компанијата со седиште во Минхен истакна дека дошло до големо зголемување на продажбата на спортски возила во текот на првите девет месеци, а како што се наведува, профитот се зголемувал и покрај поголемите трошоци за нови технологии, како што се електричните возила.

Како што се наведува, заработката на BMW во третиот квартал од 2018 година е нарушена поради нарушувањa на пазарот предизвикани од проблеми со сертификацијата на дизел автомобилите според новите правила за емисија, што доведе до нарушувања во цената и снабдувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП